Празот – „чистач“ на организмот
Според нутритивниот состав, тој е сличен на кромидот и лукот, но содржи повеќе белковини, бета-каротин и витамин Ц. Од минерали, празот е богат со манган, фолна киселина, железо, магнезиум, фосфор, калиум и калциум.
Со готвењето се нарушува витаминско – минералниот состав на празот, па затоа најдобро е да се јаде свеж, како салата.
Алицин дејствува како природен антибиотик. Алицинот го намалува и крвниот притисок, го намалува нивото на холестеролот во крвта и го јакне имунолошкиот систем. Затоа празот е природен превентивен лек против кардиоваскуларните заболувања.
Празот е богат и со етерични масла, кои го зголемуваат лачењето на дигестивните сокови и со тоа го поробруваат варењето на храната.
Бидејќи содржи доста калиум а малку натриум, празот е силен природен диуретик. Тој го зголемува излачувањето на течностите и токсичните материи преку бубрезите. Затоа често празот им се препорачува на лицата со кардиоваскуларни и бубрежни заболувања, посебно за намалување на отоците. Празот ја негува и кожата. Супата од праз го осветлува тенот.
Празот, во споредба со сите зимски зеленчуци, содржи најмногу каротин, витамин Ц и Е, кои најмногу ги има во зелените листови. Го зголемува имунитетот, помага против настинката и инфекциите. Празот содржи моќни антиоксиданси, кои го штитат организмот од штетното делување на слободните радикали, кои можат да предизвикаат многу хронични заболувања, вклучувајќи го и ракот. Со право празот се смета за природен антиканцероген, кој помага во превенцијата и лекувањето на ракот.
Празот ги „топи“ килограмите. Тој е идеален за одржување на нормалната телесна тежина, а се користи и при диетите.