Брокули за третман на рак на дојка
Брокулите ги зголемуваат заштитните ензими во ткивото на градите, со што штитат од развој на рак на дојка.
Се чини дека материите содржани во брокулите, помагаат за создавањето на друга супстанција – сулфорафан, која се препишува на пациенти болни од рак. Научниците од САД од Институтот за храна открија дека супстанцата помага за одржување на здрав баланс на антиоксиданси во човечкиот организам, пишува агенцијата БГНЕС.
Според истражувачите за голем ефект брокулата треба да се конумира по 3 – 4 пати неделно за да може да помогне за забавување на растот на клетките, при што ќе го зголеми нивото на заштитните ензими во ткивата на дојката, така барем тврдат истражувачите.
Брокулата е богата со витамин Ц,микроелементи – калциум, магнезиум, железо, калциум и цинк. Со овој состав брокулите се редат не само над сите свои роднини, но и излегуваат на првите места меѓу сите хранива во светот. Многу се корисни и за сите идни мајки поради бројните витамини и микроелементи и тоа во природна форма.