Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Оризот е одличен извор на енергија која се употребува во телото за активност на мозокот, физичка активност и телесни функции. После јаглехидратите, протеините се вториот најбогат елемент во оризот.

Оризот е извонредно хранлив 360 калории во 100 грама. Сиромашен е со масти, но богат со скроб, па затоа е лесно сварлив. Оризот е богат со минерали. Најмногу има фосфор и тоа 116 милиграми и калиум, а нешто помалку магнезиум, калциум, манган, железо, сулфур, бакар, цинк, кобалт…

Од витамини, оризот најмногу содржи витамин Е и витамини од групата Б.

Уште во старата кинеска медицина, оризот играл важна улога. Неговите лековити својства ги признала и научната медицина: оризовата вода како природно средство против пролив, оризовото брашно во исхрана на доенчињата и децата.

Кафениот или интегрален ориз има поголема прехрамбена вредност од белиот. Содржи повеќе хранливи материи, 3,5 повеќе магнезиум, 4 пати повеќе витамин Б1,5 пати повеќе никотинска киселина и 1,6 пати повеќе фолна киселина од белиот ориз.

Нелупениот ориз има, покрај другото, неспоредливо повеќе сирова целулоза, па затоа тој го поттикнува празнењето на цревата, го поттикнува излачувањето на желудечните и цревните сокови. Идеалниот однос на неговите биолошки состојки ја воспоставува рамнотежата во организмот.

Поради големата содржина на скроб и калиум, како и поради неговата лесна сварливост, оризот се препорачува за диетално лекување на желудечното и цревното воспаление и на проливот.

Оризот го намалува крвниот притисок

Кога ќе се зголеми крвниот притисок, веднаш треба да се примени диета со ориз. Едноставно, болниот треба 2-3 дена да јаде само добро сварен и несолен ориз и обилно да пие чаеви за намалување на крвниот притисок.

Ориз против долготраен пролив

Мешавина од 3 супени лажици оризово брашно (од интегрален ориз) и исто толку сомлен јачмен се прелива со еден литар зоврена вода. Покопениот сад се остава да стои 2 часа. Кога ќе се олади, се додава сок од дренки или дуња. Оваа каша се јаде 3 пати дневно пред јадење.

Ориз против воспление на дебелото црево

Се ставаат 4 лажици оризово брашно, 2 големи лажици ориз, 2 големи лажици копива и боровинки. Оваа смеса се прелива со литар зовриена вода и после 2 часа се процедува. Течноста се пие засладена со мед од хељда.

Оризот го зголемува излачувањето на урината – природен диуретик

Се зема една шоља ориз, корен и лист од магдонос и целер. Се вари полека во еден литар вода. Кога оризот ќе се звари, се процедува и се пие течноста повеќе пати во денот.

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново