Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Без оглед на тоа колку во последните години се зборува за важноста од превенцијата и лечење на остеопороза,  од оваа болест и понатаму зема замав и се повеќе заболуваат  жени, но и мажите. Остеопороза е хронична болест на коските која што го добила и називот ,,тивка епидемија на 21 век,, а нејзини карактеристики се  намалувањето на густината на коските поради тоа што тие стануваат порозни.

Во суштина се работи за преку-умерен  губиток на калциум од коскеното ткиво. Имено  самиот процес на создавање и ,,трошење,, на коските е вообичаен физиолошки процес кој што се одвива во текот на животот. Но кога намалувањето на коскеното ткиво станува поголемо од неговото создавање, доаѓа до остеопороза.

Првите знаци кои укажуваат на појава на оваа болест се: болки во пределот на половината, намалување на висината и згрбавеност. Некогаш остеопорозата се јавува многу драматично на начин што се кршат пршлените или колковите. Кршењето на коските кај остопорозата може да се јави дури и како последица на незначителни  надворешни делувања. А во поодмината фазаа често се јавува болка,деформација и слабост.  Некои фактори кои претставуваат ризик како што се : полот (женски), староста не е возможно да се спречат. Но постојат и фактори на кои што можете да влијаете а тука пред се, се јавува внесувањето на доволно количество на калциум, витамин D, и протеини. Исто така тука спаѓаат и прстанување на пушењето, смалување на внесеното количество на алкохол и кафе, и зголемување на физичките активности.

Внесувањето на доволно количество на витамин D и калциум неопходно е за одржување на густината на коскената маса.

Советувајте се со вашиот лекар и погрижете се да ја внесувате дневната доза на калциум и витамин D во вашиот организам, така што ќе ви помогне во борбата против оваа болест.

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново