Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Дали некогаш ви се случило дека ви снемало средство за вадење на шминка а да немате ништо при рака ? Не грижете се ви донесуваме два рецепта за прва помош.

Вадењето на шминка е задолжително пред спиење. Некои стручњаци препорачуваат дури и еднаш во текот на денот доколку времето е топло за кожата да се исчисти и порите да останат отворени. На сите сигурно ни се случило во најнезгоден час да ни снема средства за симнување на шминка а не сме биле подготвени кожата да ја иритираме со обичен сапун и вода. Еве ви два домашни рецепти кои сигурно ги имате дома.

Млеко – е одлично за симнување на шминка.Има смирувачко дејство и нежно е кон кожата околу очите. Натопете на памук и симнете ја шминката. После тоа измијте со млака вода. За подобар ефект измешајте млеко со неколку капки бадемово масло.

Маслиново масло одмана се користи  во козметиката поради своите хранливи состојки. Ставете две три капки маслиново масло на памук и симнете ги остатоците од шминката од очите и лицето. После тоа остатоците од маслото симнете ги со парче вата и измијте со млака вода.

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

С О О П Ш Т Е Н И Е  З А  Ј А В Н О С Т

            Општина Велес ја информира јавноста дека, третото авионско тертирање против комарци ќе го изврши на ден 14 август (петок) 2020 год. во периодот од 0500 до 0630 часот. Доколку временските услови не дозволуваат авионско прскање истото ќе се изврши наредниот ден, 15 август (сабота) 2020 год.

            Границата, на третирањето е: Езеро Младост, с. Отовица, месност Јарбош, по течението на Вардар од север од с. Башино село низ Велес, се до вливот на реката Бабуна и с. Горно Караслари. На запад границата започнува од населбата Превалец, преку населбата Керамидна кон фабриката „Киро Ќучук“ и с. Горно Оризари.

Со третирањето ќе биде опфатено целото градско и приградско подрачје, како и целото течение на реката Вардар на овој потег. И оваа година ќе се третира рекреативниот центар Езеро Младост со непосредната околина.

Се известуваат пчеларите во времето на третирање и 3-4 часа потоа да ги затворат кошниците со пчели, заради можноста од влијание на средството со кое се врши третирањето врз безбедноста на пчелните семејства.

           

                                                                                    Градоначалник

                                                                                    на Општина Велес,

                                                                                    Аце Коцевски

 
   
   
   
   

Најново