Неверојатно корисни совети за убавина
Сигурно многу сте прочитале но ова се навистина одлични трикови ,собрани од врвните мајстори за убавина,нега и шминка.
Четките за шминка можат подолго да траат ако редовно ги миете со малку шампон и малку млака вода. Сушете ги ставени на хартиени шамичиња.
Нема потреба да купувате пилинзи за тело. Можете едноставно да ги направите дома и обично се поефикасни и секако поевтини. Еден од наједноставните е да измешате маслиново масло и шеќер во однос 1:2 и на ова да додадете неколку капки есенцијално масло. Лесно тријте на телото,рацете и нозете и после искапете се со млака вода.
Пред ада го ставете карминот размислите дали вашите усни се негувани. Измешајте еднакви делови на кафеав шеќер,маслиново масло и екстракт од ванила,нежно тријте на усните и избришете со влажно шамиче. Па потоа ставете кармин.
Кога иде лето и вашиот пудер е премногу светол не треба да купувате веднаш нов и потемен. Додадете само малку бронзер во вашиот светол пудер и таа смеса нанесувајте ја додека не помине време за да купите нов пудер.
Во лето никогаш не ставајте премногу пудер. Ќе изгледате како растопена тортичка. Најдобро е пред да излезете од дома на нанесете хидратантен крем и сосема малку пудер.
За вадење на шминката еден од најдобрите природни избори се маслиново масло,посебно за шминката околу очи. Само ставете на парче вата и исчистете го лицето.