Маска за сува и штетена коса со маслиново масло
Објавено на 16 декември, 2016 во 08:13
За хидратација на косата, маслиновото масло е веројатно една од најдобрите состојки.
Затоа и во многу маски и шампони кои ги купувате често е дел од состојките, иако е во мала количина.
Ако сакате дополнително да се погрижите за косата, само загрејте маслиново масло, но не дозволувајте да ви зоврие.
Топлото масло ставете го на коса, покријте го со фолија и оставете го да делува околу 45 минути, па измијте ја.