Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Слузта од полжав често се користи во козметичките препарати за регенерација на кожата и оние за подмладување. Се смета за еден од подобрите алтернативни начини за подмладување, а за тоа е заслужен алантоинот кој го има во слузта. Природниот алантоин ја затегнува кожата, ги отстранува лузните и стриите, а го забрзува и зараснувањето на раните без појава на лузни.

Исто така, слузта од полжавите е богата и со витамини и протеини, а содржи и природен колаген и еластин од кои се состои човековата кожа. Како што кожата старее така останува без колаген, па тој е потребен за да изгледа еластично и здраво. Во слузта од полжавот има и природни гликолични протеини кои ја чистат кожата и делуваат како пилинг, елиминирајќи ги мртвите клетки на површината на кожата.

Иако во поголемиот број козметички препарати слузта е само дел од состојки, во рускиот град Краснојарск се користат живи африкански полжави. Козметичарката и сопственичка на салон, Алоња Злотникова користи полжави кои поминуваат по лицето и телото на нејзините клиентки и директно ја нанесуваат необработената слуз на кожата. И Алоња и клиентките веруваат дека овој начин е најдобар и најделотворен за кожата.

 

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново