Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Руменилото, пудрата и тушот за очи се трите производи што жената најмногу ги употребува, но и производи што најчесто погрешно ги нанесува.

Многу е важно да сфатите дека руменилото е еден од најклучните производи за шминкање, допринесува за дефинирање на лицето, па оттаму треба да ја изберете вистинската боја, текстура и доколку досега не сте извежбале, да научите како да го нанесете.

Следете го природното црвенило на лицето

Руменилото не служи само за бесцелно шарање на лицето, туку треба да го следи природното црвенило на лицето, да го нагласи и да создаде здрав сјај на кожата.

Ускладете ги тоновите

Розовите тонови одговараат на оние со посветол тен, боја на праска на маслинест тен, додека оние со потемен тен нека изберат црвено-портокалови нијанси на руменило.

Купете квалитетна четка

Доколку секој ден користите руменило треба да набавите добра четка – голема, мека и накосена. Четките што доаѓаат во комплет со руменилото најчесто се мали и комплетно некорисни.

Пред руменилото направете добра подгога

Не го нанесувајте руменилото на „голо“ лице. Потребно е прво да нанесете подлога (хидрантен крем, течна и камена пудра), така руменилото полесно се нанесува, изгледа попривлечно и има подолготрајно дејство.

Почитувајте го обликот на своето лице

Секој облик на лице, овално, коцкесто, срцевидно или кружно, има свои правила за нанесување на руменило.

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново