Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Бројот на паметните телефони тројно ќе се зголеми на 5,6 милијарди до 2019 па тој вид на уреди ќе сочинува повеќе од 60 отсто од сите мобилни телефони,покажува извештајот на шведски Ericsson, најголем светски производител на телекомуникациски мрежи.

Ericsson очекува дека употребата на паметни телефони шест пати ќе порасне во наредните шест години а дека операторите на мобилната телефонија ќе ја зголемат брзината на мрежата за да се изборат со тој раст,пренесува агенцијата AP.

Се верува дека вкупниот број на претплатници на мобилна телефонија во светот ќе достигнат 9,3 милијарди во 2019 година. Ericsson наведува дека годишниот промет по смартфон ќе достигне 10 милијарди гигабајти до 2019 од што на видео содржини ќе отпаѓа 50 отсто од прометот.

На социјалните мрежи и на сурфање ќе одат 10 отсто.

Шведската компанија додава дека паметните телефони моментално сочинуваат 55 отсто од продадените мобилни телефони но и 25 до 30 отсто од мобилните претплатници.

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново