Следниот iPhone со екран без рамка
Следната генерација на Apple iPhone може да дојде со екран од „крај до крај“ односно тој нема да има рамки. Ова ќе стане можно, благодарение на патент за OLED екран, полн со „дупки“.
Патентот е забележан од Apple Insider, и опфаќа збир на диоди на флексибилна површина со мали празнини помеѓу нив. Овие празнини можат да помогнат за пренос на информации кон светлосниот сензор или камерата под екранот, или тие би можеле да овозможат да се постават звучници, светла за известувања и дури втор екран (E Ink) под првиот. Тие дури можат да формираат „прозорец“, во кој корисниците ќе гледаат други објекти директно во телефонот додека на екранот се визуелизира друга информација.
Се разбира, често соништата за хипер иновативен телефон се пореметуваат од грубата реалност, каде ни се наметнува да чекаме „уште неколку“ години додека видиме вистинска иновација, но сепак оваа година Apple ја слави десет годишнината од промоцијата на првиот iPhone и се надеваме дека компанијата ќе „напомене“ на овој настан соодветно.
И конечно, за да завршиме „оптимистички“ ќе кажеме дека ова е само уште еден патент и не знаеме кога и дали воопшто Apple ќе го користи во свој производ.
Извор: Стандард