Како ќе изгледа првиот хотел во вселената ? (ВИДЕО)
04.03.2021
За неколку години треба да започне изградбата на првиот хотел во вселената, во кој е предвидено да има ресторани, кина и сместување за 400 гости.
„Orbital Assembly Corporation“ и Фондацијата „Gateway“ имаат големи планови за проектот наречен „Voyager Station“ кој беше најавен уште во 2019 година.
Тие велат дека планираат да започнат со градба во ниската орбита околу Земјата во 2027 година.
Иако досега не се разјаснети многу детали, како што се трошоците за изградбата или предвиденото сместување во хотелот, од „Orbital Assembly Corporation“ посочуваат дека ќе користат ракети за повеќекратна употреба како „Falcon 9“ во производство на компанијата на Илон Маск „SpaceX“ и со тоа како што велат, трошоците ќе бидат релативно „ниски“.
Основачот на „Orbital Assembly Corporation“ Џон Блинкау во разговор со „Daily Mail“ уште во 2012 година најави дека тоа ќе биде следната индустриска револуција.
Фондацијата „Gateway“ пак, на својат веб-страница пишува дека „Voyager Station“ ќе биде еден од „првите чекори во колонизацијата на универзумот и другите светови“.
Мите Јаначков