Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Tajm

04.12.2020

15-годишната Гитанџали Рао, која се занимава со наука и иноваторство е прогласена за прво „дете на годината“ според списанието „Тајм“.

Рао, која живее во американскиот град Денвер, има пронајдено нови технологии во многу различни области, како уреди кои откриваат олово во вода за пиење, како и апликација која користи вештачка интелигенција за регистрирање сајбер-малтретирање.

Таа вели дека ова признание може да инспирира многу други млади луѓе да сонуваат за идеи кои би ги решиле светските проблеми.

Рао била избрана во конкуренција на 5.000 млади номинирани за оваа награда. Списокот потоа бил стеснет на пет финалисти од страна на жири составено од млади луѓе, меѓу кои и комичарот Тревор Ноа.

„Не изгледам како типичен научник. Од она што го гледам на телевизија, научниците вообичаено се стари, претежно белци и мажи“, вели тинејџерката во интервју за списанието кое го водела актерката и хуманитарка, Анџелина Џоли.

„Мојата цел се промени, не само во создавање на мои уреди со кои би се решиле светските проблеми, туку и инспирирање на други да го прават истото. Бидејќи, од мое искуство, не е лесно кога немате пример кој е сличен на вас. Па навистина сакам да ја упатам оваа порака: ако јас можам, можеш и ти, можат сите“, објаснува Рао.

Списанието „Тајм“ е препознатливо по својата награда за „личност на годината“, но ова е прва година во која доделуваат и награда за „дете на годината“.

Минатата година климатската активистка Грета Тунберг, со 16 години, стана најмладиот човек кој го добил признанието за „личност на годината“ на „Тајм“.

Mите Јаначков

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

NOVOGODISENBANERSINALCO

 
   
   
   
   

Најново