Амазон најави 100 илјади нови времени вработувања
30.10.2020
Американската компанија Амазон врабоптила 100.000 луѓе на одредено време поради пораст на нарачките преку интернет пред ноемвриските празници во САД. Toa го соопшти компанијата.
Повеќе од 875.000 вработени ширум светот до крајот на јуни 2020 година беа дел од Амазон која веќе наредниот месец соопшти дека од март ќе отвори уште 175.000 нови работни места од кои 125.000 ќе бидат на неодредено време.
Компанијата, со седиште во Сиетел, кон средината на септември прими на работа и 100.000 работници во САД и во Канада. Поголемиот број од нив се магационери и помошници во магацините, за подготовка на пакети и нивно испраќање.
Амазон неодамна соопшти дека е забележан раст на бројот на нарачки од почетокот на пандемијата со Ковид-19.
Компанијата пред минатогодишните празници вработи 200.000 сезонски работници.