Дали знаете колку електрична енергија троши рутерот?
Објавено на 26 октомври, 2020 во 10:52
Рутерот кој го користеите за да се поврзете на интернет , ако го оставите вклучен во текот на целиот ден ќе троши електрична енергија исто како и фрижидерот.
Затоа, треба да обрнете внимание на енергетската ефикасност на рутерот пред да го купите за да бидете сигурни дека има најниска можна потрошувачка на енергија и кога е вклучен во stand-by режим.
Особено важно е ако рутерот не може да се исклучи, во случај со него да се користи и телефонска линија, тврди Германската федерална агенција за заштита на животната средина (УБА).
Од таму советуваат да набавите рутер кој има можност да го се исклучи Wi-Fi кога не е во употреба.