Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

netfliks fin

Нетфликс изврши револуција на „пазарот на забавата“. Со своите 150 милиони претплатници, оваа стриминг-платформа им ја одзеде публиката на традиционалните ТВ и медиумски гиганти. Сега тие го возвраќаат ударот, и тоа со истото оружје.

Најголем конкурент на Нетфликс повеќенаменската платформа Амазон со 100 милиони клиенти, а тука некаде е и Гугл со својот Јутјуб, којшто може да се пофали со над 1,3 милијарди корисници, но сепак, тие не плаќаат месечна претплата, како што е тоа случај со Нетфликс и Амазон.

Додека употребата на стримингот е во постојан раст, класичната телевизија полека се повлекува и истиснува. Американците, на пр., и класичните ТВ-формати сѐ повеќе ги следат преку стриминг-сервисите. Американскиот медиумско-аналитички центар Рипортлинкер вредноста на стриминг-пазарот ја проценува на 125 милијарди долари. Само во САД претплатниците на стриминг-сервисите месечно трошат две милијарди долари.

Во Европа, користењето стриминг е послабо, но е во нагорна линија. Според германскиот јавен сервис АРД/ЗДФ, 60 отсто од германските граѓани,  барем еднаш неделно користат стриминг.

Дизни некои од следните свои проекти ќе ги почне во тој стрминг-формат, а тој чекор, според најавите ќе го следат и други продукциски куќи.

peskaravel

deltaprom

malina

babuna1

Поврзани вести

Kozuvcanka NG 300x250 Duma

veles2

gradsko1

caska

JPVLISICE

romantik1

jkpsvetinikole

crvenkrst2

vmro

biblioteka

fokus1

teatar

sekerce

gradinka

macaovcarova

konsalting

АПЕЛ ЗА ПОМОШ НА СЕМЕЈСТВОТО МАНЕВИ

На 20 декември 2019 година во пожарот што изби во комплексот Варналиите, во Велес, на улица: „Јован Наумов Алабакот“ целосно е оштетена и куќата со реден број 10 на семејството Маневи во која живееја Љубица и Бојан. Огнот ги пеплоса покуќнината, мебел, технички апарати и гардероба. Тие немаат каде да живеат. Засега се згрижени кај роднини. На Љубица и Бојан им е потребна граѓанската помош и поддршка. Граѓани, да му покажеме на ова семејство, дека не е само во загубата на имотот. 

Пред и за време на новогодишните и божикни празници, секој од Вас колку што може нека донира на сметка 210-5016284563-22, депонент НЛБ Тутунска Банка АД Скопје. Сопственик на сметката е Манева Љубица со живеалиште на ул. Јован Наумов Алабакот број 10 во Велес. Број на повикување за физички лица е 289, за правни лицае 262, со назнака донација.

За добронамерните граѓани надвор од Македонија уплатите можат да се вршат на IBAN Code MK7210501628456322, SWIFT TUTNMK22.

Најново