Вибер со нов дизајн (ВИДЕО)
Сопствениците на паметни телефони на Android наскоро ќе имаат пристап до новиот дизајн на Viber. Ажурираниот интерфејс веќе е достапен за уредите со iOS и нуди неколку интересни подобрувања. Првата сериозна иновација е воведувањето на систем за енкрипција на пораките, која ќе ја гарантира безбедноста на чатовите во Viber. Сепак главен акцент во последната верзија на апликацијата е интерфејсот, кој е дури уште полесен за употреба.
Пораките сега ќе бидат доставени двојно побрзо до нивниот примач. Разговорите ќе се движат поприродно додека се движиме низ содржината. Новиот дизајн исто така вклучува икони кои нѐ известуваат кога се претставуваат и читаат пораките. Сликите ќе се репродуцираат со поголем размер, а Viber веќе има посветла тема во позадина, која го олеснува читањето на текст во профилите и за во иднина ќе ни покажува повеќе содржини на екранот на смартфоните.
Креаторите на мобилната апликација нѐ уверија дека нема да мораме да чекаме долго пред новиот дизајн да биде достапен за Android. Промените се направени целосно со идејата корисниците побрзо и полесно да комуницираат со нивните најблиски, без да се грижat за безбедноста на нивните разговори. Во моментов Viber се користи од страна на повеќе од 1 милијарда луѓе ширум светот кои, по ажурирањето, се чини дека имаат друга добра причина да трошат повеќе време на нивните профили.
{vembed Y=EJiBxTE6eVc}