Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

samsung fin

  „ Самсунг“ ќе го претстави следниот модел од серијата „Галакси ноут“ (Galaxy Note) на деветти август, потврдија официјално од компанијата. Настанот ќе се одржи во Њујорк, но како и обично ќе може да го следи секој што сака во живо, преку видео-стриминг на веб-страницата на компанијата или на ЈуТјуб.

Во поканата не се споменува името на „Галакси ноут 9“, но наместо тоа се наведува дека компанијата ќе го претстави следниот модел во премиум серијата Галакси.

Во видеото се гледа електронското пенкало „С Пен“ (S Pen), а тоа доволно кажува што ќе видиме на 9 август. По распоред, уредот помина низ сертификација на веб-страницата на американската ФЦЦ, така што се е подготвено за продажба на новиот модел.

Од  „Галакси ноут 9“  очекуваме „Снепдрегон 845“ (Snapdragon 845) или еквивалентен модел „Ексинос“ (Exynos), дисплеј со дијагонала 6.38 инчи и подобрена двојна камера.

Најверојатно ќе видиме и значајни подобрувања во работата на „С Пен“, што се сугерира од централната улога на иглата во видеото од поканата.

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

С О О П Ш Т Е Н И Е  З А  Ј А В Н О С Т

            Општина Велес ја информира јавноста дека, третото авионско тертирање против комарци ќе го изврши на ден 14 август (петок) 2020 год. во периодот од 0500 до 0630 часот. Доколку временските услови не дозволуваат авионско прскање истото ќе се изврши наредниот ден, 15 август (сабота) 2020 год.

            Границата, на третирањето е: Езеро Младост, с. Отовица, месност Јарбош, по течението на Вардар од север од с. Башино село низ Велес, се до вливот на реката Бабуна и с. Горно Караслари. На запад границата започнува од населбата Превалец, преку населбата Керамидна кон фабриката „Киро Ќучук“ и с. Горно Оризари.

Со третирањето ќе биде опфатено целото градско и приградско подрачје, како и целото течение на реката Вардар на овој потег. И оваа година ќе се третира рекреативниот центар Езеро Младост со непосредната околина.

Се известуваат пчеларите во времето на третирање и 3-4 часа потоа да ги затворат кошниците со пчели, заради можноста од влијание на средството со кое се врши третирањето врз безбедноста на пчелните семејства.

           

                                                                                    Градоначалник

                                                                                    на Општина Велес,

                                                                                    Аце Коцевски

 
   
   
   
   

Најново