Твитер го олеснува наоѓањето на вести
Twitter најави промени во својата платформа преку која корисниците ќе можат полесно да најдат и да ги следат големи настани и вести, пишува CNBC.
Twitter, која се бори со забавувањето на растот на бројот на нови корисници на платформата, наведува дека идејата е луѓето да следат полесно различни теми, интереси и настани во Twitter е една од причините таа да успее да привлече повеќе корисници во првиот квартал.
Во април Twitter успеа да ги надмине прогнозите за бројот активни корисници, кој достигна 336 милиони, при 6% стапка на раст на годишна основа.
Промените објавени оваа среда ќе станат достапни во САД во текот на следните неколку месеци за корисниците на iOS и Android мобилни телефони.
Сега, корисниците прво мора да најдат сметки или хаштагови на темата за да ги најдат вестите за кои се заинтересирани. Социјалната мрежа сака да го направи овој процес многу поинтуитивен.
Функцијата за вести на Twitter ќе биде организирана по тема, а не од типот на содржината, а компанијата експериментира со табови за тема за поперсонализирано искуство. „Тајмлајнот“ исто така ќе се промени.
Функцијата „„Happening now“ презентирана минатата година, ќе биде проширена и ќе вклучува твитови за вонредни и персонализирани вести.
Покрај тоа, Twitter подготвува известувања кои вклучуваат твитови од конкретни корисници на специфични теми кои се интересни за секој поединечен корисник. Се разбира, известувањата може да се запрат.
Последно, но не и најмалку важно – „Moments“ исто така ќе добијат нов изглед.