Кинески Тенсент го престигна Фејсбук на берзата
Објавено на 22 ноември, 2017 во 09:29
Кинескиот интернет гигант Тенсент денеска достигна рекордно ниво на берзата со што го надмина и Фејсбук и влеззе во првите пет најголеми светски групи.
Тенсент стана првата азиска технолошка група проценета на повеќе од 500 милијарди долари. Тие се оператор за видео игри и за популарната апликација за инстант пораки Вичет.
Оваа година вредноста на компаниајта порасна двојно, а денеска достигна 523 милијарди американски долари, со што изби пред Фејсбук кој е проценет на 519 милијарди долари.
Фејсбук е забранет во Кина, што овозможи Вичет да напредува.