Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Компанијата „Интел“ го претстави „компјут кард“, компјутер со големина на кредитна картичка, кој секогаш можете да го носите со себе.

И покрај големината, „компјут кард“ со своите перформанси ќе може да им се спротивстави на „поголемите браќа“.

„Интел“ планира овој уред да го понуди со низа различни конфигурации, во зависност од намeната за која ќе го употребуваат корисниците.

Познато е дека ќе може да има најмногу до 4GB RAM меморија и 128 GB флеш-меморија, со вграден приемник за безжичен интернет и „Блутут“ 4.2.

Познатата компанија веќе објави подолг список на партнери кои ќе изработуваат дополнителни уреди за „компјут кард“. Еден од примерите е куќиште кое малиот компјутер го претвора во стандарден, а ќе ги содржи сите приклучоци како УСБ, HDMI и Етернет.

Идејата е секогаш со вас да го имате својот „компјут кард“ кој ќе го вметнете во различно куќиште во зависност од потребата.

Дали „компјут кард“ во иднина ќе заживее како концепт, останува времето да покаже.

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново