Xiaomi Mi6 ќе биде претставен на 19 април
Во последно време многу се зборува за новите телефони кои Xiaomi ги припрема, а компанијата денес најави уште еден таков уред.
Станува збор за Xiaomi Mi 6 кој ќе биде претставен следната недела, поточно на 19. април.
Претходните извештаи говорат дека телефонот ќе содржи Qualcomm Snapdragon 835, во комбинација со 6 GB RAM и 128 GB интерна меморија. Покрај тоа, телефонот би требало да има и 5,1-инчен екран со full HD резолуција. Според очекувањата, компанијата би требала да го објави и Xiaomi Mi 6 Plus so 5,7-инчен екран.
Малите рабови на телефоните се тренд, како што можевме да забележиме кај новите Samsung и LG телефони, така што се очекува нешто слично да видиме и на овој модел. Цените во Кина ќе почнуваат од околу 320 долари, што го прави Xiaomi Mi 6 еден од најбуџетните телефони на пазарот.
извор: tocka.