Nokia 3310 се врати во живот
Откако беше претставен во септември 2000-та година, Nokia продаде 126 милиони примероци од моделот 3310. Тоа беше во времето пред iPhone, кога Nokia владееше со нејзините популарни уреди. Сега, 3310 прави носталгично враќање во форма на модерна варијанта.
Новиот 3310 има скромни спецификации за денешните стандарди: QVGA дисплеј со големина на дијагонала од 2,4 инчи, камера со резолуција од 2 мегапиксели и слот за microSD картичка.
За разлика од старата оригинална „цигла” 3310, модерната варијанта е малку помала, потенка, полесна и позаоблена. Исто така е и поживописна и доаѓа со сјајно жолта и црвена боја, мат сива и темно сина боја. Доаѓа и со модерна варијанта на во тоа време популарната игра Snake, како надополнување на носталгијата.
На пазарот ќе се појави од вториот квартал на годинава, по цена од 49 евра.
Извор: Кајгана