Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Под конверзација никогаш не се подразбираат само зборовите кои се кажуваат, туку и тонот, гласноста, говорот на телото, погледот и сè измеѓу.

Но сигналите кои ги испраќаме некогаш можат да бидат погрешно протолкувани или игнорирани од луѓе кои имаат потешкотии со невербалната комуникација.

Тоа им дало идеја на истражувачи од MIT да создадат алгоритам кој може да го анализира говорот и тонот на оној кој што зборува, а откога тие податоци ќе се обработат, тој претпоставува низ кои емоции поминувал говорникот на секои 5 секунди.

Истражувачите користеле iPhone 5S за да го снимаат аудио сигналот од конверзацијата, но секој од субјектите носел Simband на Samsung, бидејќи тоа е единствениот уред од овој тип кој ја подржува Tizen софтверската платформа и има доволно простор за разни додатни сензори.

Уредот е способен да мери движење, пулс, крвен притисок, проток на крвта, како и температура на кожата, но и да ги снима аудио податоците со цел да се анализира говорот и неговата висина, како и енергијата и речникот на говорникот.

Откога биле снимени 31 разни разговори во траење од по неколку минути, тимот применил два алгоритми на податоците – првиот ја класифицирал природата на разговорот (како среќен или тажен), додека вториот ги класифицирал сите блокови од по 5 секунди како позитивни, негативни, или неутрални.

Сега засега имплементацијата на овој систем е груба и многу основна, така да не може да се користи за ништо друго освен за анализите кои ги спомнавме.

Тимот истражувачи смета дека ова е прв чекор кон создавање на „социјален тренер“ за луѓето кои имаат анксиозност или можеби аутизам.

Извор: Идивиди

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново