Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Windows 10 беше голем скок во однос на 8.1, но скоро две години по неговото лансирање веќе доживеа уште неколку важни подобрувања и промени. Наскоро, Creators Update надградбата ќе донесе уште многу новитети, а особено промени во корисничкиот интерфејс и голем дел на подобрувања. Во продолжение ви ги претставуваме 10-те најважни промени и подобрувања кои секој корисник ќе ги добие бесплатно со оваа надградба.

 

 

 

1. Автоматско заклучување кога ќе станете од компјутерот

10-ката има многу корисна “Windows Hello” функција, која му овозможува на корисникот да го отклучи компјутерот само со застанување пред него, нормално доколку тој има камера која го поддржува тоа. Отсега, Windows 10 ќе може сам да го заклучи компјутерот кога ќе станете од него – нема да има потреба сами да го правите тоа. Ова е чекор напред во заштитата на податоците на корисникот, кој нема да треба да се грижи дека некој ќе му ѕирне во компјутерот додека е во тоалет.

 

2. Подобрувања во “Action Center”

Action Center е новитет кој беше претставен токму со Windows 10, но тој веќе доби неколку подобрувања. Сега, тој ќе доживее дизајнерски промени – иконите ќе бидат малку различни, а некои функционалности ќе можат да се подесуваат со лизгач, како на пример оној за светлоста на дисплејот, што му дава на корисникот многу попрецизна контрола.

 

3. Подесување на контрола со повеќе прсти на тачпадот

Precision тачпадите кај новите Windows 10 лаптопи се вистинско уживање за користење, пред се благодарение на тоа што има гестови кои можат да се направат со повеќе прсти. Сега, на корисникот ќе му биде овозможено сам да ги намести гестовите. На пример, со лизгање на три прсти нагоре може да се подеси да се гледаат сите активни апликации и сл.

 

4. Фолдери со живи плочки

Оваа функционалност ќе биде преземена од Windows 10 Mobile и ќе им овозможи на корисниците со многу живи плочки во “Start” менито полесно да ги организираат во фолдери, покрај веќе достапните категории.

 

5. My People

My People е нова апликација со која ќе може да ставите луѓе со кои најчесто контактирате директно на таскбарот, за побрза комуникација. Нив ќе можете и лесно да им споделите датотека со “drag&drop” на иконата, а таа ќе функционира со Skype, GroupMe и Microsoft Office 365. Оваа функционалност сепак најверојатно ќе пристигне подоцна, со друга надградба.

 

6. Продолжување на работата на друг уред

Имате друг уред со Windows? Со Creators Update ќе може лесно да продолжите тоа што сте го правеле на вашиот компјутер, на вашиот смартфон кога сте надвор од дома. Ова ќе функционира со документи, но и со апликации за гледање видео, слушање музика итн.

7. Скриншотови на одреден дел од екранот

Windows 10 редовно доживува подобрувања во правењето скриншотови. Сега, корисникот ќе може директно да одбере кој дел од екранот сака да го зачува, без да треба да отвора посебна апликација како Snipping Tool. За оваа функционалност сега ќе треба да притиснете само “Windows+Shift+S” на тастатурата.

 

8. Подобрувања во споделувањето преку апликациите

Секоја апликација сега ќе има посебно мени преку кое ќе може лесно да споделите тоа што го правите во неа. На пример, доколку гледате видео на некој YouTube клиент, ќе може лесно да го споделите на вашиот Facebook профил директно преку апликацијата. Ова е особено корисно за оние кои го користат Windows 10 како таблет.

 

9. Виртуелен тачпад

Веднаш ќе се запрашате зошто е воопшто потребен виртуелен тачпад? Замислете дека имате Windows 10 таблет и немате маус, а сакате да го поврзете на надворешен дисплеј, како екстензија на тој на таблетот. Со виртуелниот тачпад ќе може да ги управувате работите и на вториот дисплеј – само со дисплеј на допир тоа досега беше невозможно.

 

10. “Blue light” филтер

Денес напишавме за тоа колку е важно да имате дисплеј кој нема да продуцира многу сина светлина навечер. Со Creators Update оваа функционалност ќе биде вградена во Windows 10 и оперативниот систем сам ќе го намалува нивото на сина светлина кога ќе се затемни надвор.

 

Покрај сите овие промени, Creators Update ќе донесе и големи подобрувања во насока на зголемување на безбедноста и намалување на можноста од пробивање на компјутерот и напади. Надградбата би требало да пристигне на почетокот на ова лето.

 

Извор: Network World

 

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново