Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Новите технологии и предностите кои ги даваат тие на своите корисници не го одминуваат и светот на спортот и забавата.

Во последните години големи, средни и дури и помали компании ги развиваат своите мобилни апликации, со цел полесно и побрзо да стигнат до краен клиент, независно од сферата на активност. Излегува дека спортските апликации се најпосакувани и бележат поголем раст на симнувања.

Зошто е тоа така и што ги прави толку интересни и корисни?

Апликациите за трчање дефинитивно се меѓу водечките за симнување. Тие го стимулираат спортувањето, овозможувајќи да следиме време, далечина, траса, како и можност да се предизвикуваме. Дефинитивно многу корисно и забавно.

Апликации за скијање. Eдна од нив е Ski Tracker. Ја следи максималната брзина, далечина, ски падини, како и дава целосна статистика за спортската активност во зимската сезона.

Образовните спортски апликации, дефинитивно се меѓу омилените. Тука зборуваме за апликации кои имаат за цел да едуцираат и да ни ја подобрат веќе изградената техника. Едни од нив се оние посветени на тенисот.

Не на последно место се наоѓа и картинг спортот, со апликацијата Faceracer, која има за цел да ги обедини сите фанови заинтересирани за картинг спортот во една виртуелна картинг заедница. Таа обезбедува 24/7 пристап до резултатите поставени на сите Faceracer патеки, освоените ранкинг поени даваат можност да предизвикаат пријатели, како и да учествувате во специјално организирани трки.

Спортските апликации на глобално ниво им се допаѓаат на повеќе луѓе, а тоа е видливо и од бројот преземања. Покрај забава, тие имаат за цел да ги натераат луѓето да бидат поактивни, како и да излезат надвор и посветат дел од своето време на спорт!

 

 

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново