Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Android уредите се мета на нов злонамерен софтвер кој тајно купува апликации од Play Store. Злонамерниот софтвер наречен Skyfin, стигнува до уредите преку алтернативни продавници за преземање апликации. Корисниците кои преземаат апликации исклучиво од Play Store не се изложени на вакви напади.

Skyfin автоматски презема апликации на уредите на корисниците кои се инфицирани. Сепак, апликациите не ги инсталира, но ги купува и нивните датотеки ги складира во download фолдерот за корисникот да не ги забележи дека се инсталирани.

Злонамерниот софтвер слуша низа наредби, може да го пребарува Play Store за конкретна апликација, да ја купи, да ги прифати нејзините услови, а може дури и да оцени апликација.  Skyfin го користат напаѓачите и за да ја зголемат популарноста на одредени апликации во Play Store, давајќи им оценки без знаење на корисникот кој не знае дека неговиот уред е инфициран.

Извор: Кајгана

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново