Скршениот екран на телефонот, опасен за вашето здравје!
Една од најлошите работи кои можат да ви се случат на вашиот телефон, е кршење на екранот, но малкумина знаат дека ако продолжиме да го користиме за да избегнеме трошење на пари, напукнат екран може сериозно да ни го загрози нашето здравје.
Иако не е дефинитивно докажано, многу експерти сметаат дека со користењето на скршен екран себе си се изложуваме на радијација.
Но, тоа не е се. Напукнат екран може да предизвика и сериозни повреди, исеченици на прстот, може да доведе до инфекција – дури и ако мислите дека пукнатината не е голема и се наоѓа на еден дел од екранот, и понатака постојат делчиња на стакло кои се испакнати и кои можат да ве повредат.
Истото тоа стакло може да ви испадне во џеб и да ве избоде.
Напукнат екран може да доведе до сериозен напор на очите, затоа што е многу потешко да се читаат мејлови или пораки преку пукнато стакло.
Затоа е најдобро да го замените стаклото на екранот од телефонот, бидејќи многу е поважно да го зачувате здравјето отколку парите.