Новина во Viber
Објавено на 6 февруари, 2017 во 07:37
Viber доби ажурирање за Android и iOS, кое носи голем број на нови функции кон платформата, вклучувајќи ја и можноста за испраќање на тајни пораки.
Корисниците сега можат да одлучат колку долго сликите, видеата и чат пораките ќе бидат достапни за спротивната страна. Можностите за поставувања на овие тајни пораки се 1, 3, 7 и 10 секунди.
Покрај тоа, Viber сега нуди инстант видео пораки. Корисниците треба само да се притиснат и да ја држат видео иконата за миг, за да можат да се снимат и испратат видео со траење до 30 секунди.