Претставен Huawei P9
На екслузивниот промотивен настан во Лондонскиот Battersea Evolution Center, Huawei Consumer Business Group го претстави дологоочекуваниот Huawei P9, предодреден да ја разоткрие смартфон фотографијата.
Huawei P9 е првиот паметен телефон од соработката помеѓу Huawei и легендарниот бренд за камери Leica, кој резултира со чудесна двојна камера, која поставува нови стандарди во технологијата на смартфон камерите, со повеќе светлина и поголема јасност, можност брилијантно да ги фати боите и да направи исклучителни црно – бели фотографии во Leica стил.
Сликите од двојната камера се оживеани на 5.2 инчен full HD екран. P9 е направен од последниот Kirin 955 чип на Huawei и работи со оперативен систем Android Marshmallow 6.0. Семејството Huawei P9 се одликува со кул и префинет дизајн и прецизни детали во уметноста на технологијата, наменети да го променат нашиот поглед кон светот. Компанијата го негува наследството во дизајнот на премиум мобилните уреди, кои го застапуваат индустрискиот дизајн со елегантност и ефикасност.
Ричард Ју, извршен директор во Huawei Business Group, изјави: “Ние веруваме во културата на технологијата, која се раѓа од љубопитноста на луѓето и желбата за креативни промени на искуствата во светот што не опкружува. Со P9, во соработка со Leica, ние ги предизвикавме можностите во технологијата, правејќи промена во смартфон фотограгијата.
Извор: Точка