Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Светската асоцијација на мобилни оператори – GSMA ги објави спецификациите кои ќе им овозможат на корисниците да активираат вградени SIM картички во преносни уреди или таблет компјутери, јави Mobile Europe.

„Потрошувачката верзија на програмабилна, виртуелна SIM картичка се користи неколку години, главно од производители како Apple. Без сомневање овие активности се катализатор за мобилните оператори да се организираат и да ја прифатат иновацијата за SIM картички која на краток рок ќе овозможи бенефити во форма на приклучоци за нови типови на уреди“, вели аналитичарот Дарио Талмесио од Ovum.

 

Технологијата треба да им овозможи на корисниците да ги променат операторите без притоа физички да мораат да ја променат SIM картичката на својот уред. Вградените SIM картички зафаќаат само 10 отсто од просторот кој го зафаќаат сегашните SIM картички. Барем засега не станува збор за картички кои ќе се користат во телефоните, бидејќи за нив се работи на нов, различен стандард од споменатиот.

Стандардот кој сега е објавен за еSIM картички главно ќе се однесува на уреди како часовници или алки, но и останатите уреди поврзани со интернет на нештата. „Иницијативата нема да ги замени сите SIM картички, наместо ова сакаме да им помогнеме на корисниците да поврзат повеќе уреди преку истата претплата, а на производителите да им помогнеме да креираат помали и полесни уреди кои се погодни за преносна технологија“, вели GSMA.

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново