veles

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

 

Општина Велес ја информира јавноста дека второто авионско третирање против комарци ќе се изврши на 29 јуни (понеделник) 2020 год. во периодот од 05.00 до 06.30 часот. Доколку временските услови не дозволуваат авионско прскање истото ќе се изврши наредниот ден, 30 јуни (вторник) 2020 год.

 

Границата на третирањето е: Езеро Младост, с.Отовица, меснос Јарбош, по течението на Вардар од север од с.Башино село низ Велес, се до вливот на реката Бабуна и с.Горно Караслари. На запад границата започнува од населбата превалец, преку населбата Керамидна кон фабриката „Ќиро Ќучук“ и с.Горно Оризари.

 

Со третирањето ќе биде опфатено целото градско и приградско подрачје, како и целото течение на реката Вардар на овој потег. И оваа година ќе се третира рекреативниот центар Езеро Младост со непосредната околина.

 

Се известуваат пчеларите во времето на третирање и 3 - 4 часа потоа да ги затворат кошниците со пчели, заради можноста од влијание на средството со кое се врши третирањето врз безбедноста на пчелните семејства.

caska

 

Известување

 

Општина Чашка Ве известува дека на ден 29.06.2020 година (понеделник) во раните утрински часови од 05.00 до 08.00 часот, на територијата на општина Чашка поради заштита од комарци ќе се врши авионска дезинсекција (ПРСКАЊЕ) на населени места и јавни површини, со широкопојасен инсектицид одобрен од Бирото за лекови.

 

Со авиотретманот ќе бидат опфатени следните населени места и јавни површини: течението на реките Тополка, Бабуна, Изворчица и Мелничка Река, населените места: Населба Чашка, Лисиче, Еловец (оризови насади), Раковец (општинска депонија), Отиштино, Бањица, Богомила, Согле, Тетово, Населба Оморани, Мартолци, Извор, Мелница и Лисиче.

 

Во овој случај на промена на временските услови (врнежи, ветер) прскањето ќе биде одложено за наредниот ден во истиот временски период.

 

Се известуваат пчеларите, за време на прскање и 3 до 4 часа потоа да ги затворат кошниците со пчели, заради можноста од влијание на средството со кое се врши прскањето врз безбедноста на пчелните семејства.

О Г Л А С

                        за избор на 20 судии-поротници во Основен суд Велес

  1. Кандидатот за судија - поротник потребно е да ги исполнува следните услови:
  1. да е полнолетен државјанин на Република Северна Македонија
  2. да има завршено најмалку средно образование
  3. активно да го владее македонскиот јазик
  4. да ужива углед за вршење на функцијата судија-поротник
  5. да не е постар од 60 години.

            II.За судија-поротник не може да биде избрано лице кое со судијата или судијата-поротник во истиот суд е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар, ниту лице кое со член на Судски совет на РСМ е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар.

            III.Заинтересираните кандидати потребно е да поднесат пријави и документи и тоа:

            -Диплома за завршено образование (оригинал или заверена на нотар),

            -Уверение за државјанство,

      -Потврда од казнена евиденција (издадена од суд според местото на раѓање).

            IV.Пријавата со потребните документи да се достават до Основен суд Велес (на приемна писарница или преку пошта со препорачана пратка) на адреса ул.„8-ми Септември“ бр.53, во рок од 15 дена од објавувањето на огласот.

                                                                                                   ОСНОВЕН СУД ВЕЛЕС

С О О П Ш Т Е Н И Е  З А  Ј А В Н О С Т

           

Општина Велес ја информира јавноста дека, првото авионско тертирање против комарци ќе го изврши на ден 07 јуни (недела) 2020 год. во периодот од 05.00 до 06. 30 часот. Доколку временските услови не дозволуваат авионско прскање истото ќе се изврши наредниот ден, 08 јуни (понеделник) 2020 год.

Границата, на третирањето е: Езеро Младост, с. Отовица, месност Јарбош, по течението на Вардар од север од с. Башино село низ Велес, се до вливот на реката Бабуна и с. Горно Караслари. На запад границата започнува од населбата Превалец, преку населбата Керамидна кон фабриката „Киро Ќучук“ и с. Горно Оризари.

Со третирањето ќе биде опфатено целото градско и приградско подрачје, како и целото течение на реката Вардар на овој потег. И оваа година ќе се третира рекреативниот центар Езеро Младост со непосредната околина.

Се известуваат пчеларите во времето на третирање и 3-4 часа потоа да ги затворат кошниците со пчели, заради можноста од влијание на средството со кое се врши третирањето врз безбедноста на пчелните семејства.

Согласно член 4 од Правилникот за условите, начинот и постапката за користење на финансиски средства од Буџетот на Општина Велес за субвенционирање на физички лица од подрачјето на Општина Велес за купен велосипед (Службен гласник на Општина Велес бр. 06/20), а во врска со Одлуката за определување на максимален износ на доделување на поединечна субвенција на физичко лице за купен велосипед за 2020 година (Службен гласник на Општина Велес бр. 06/20), Општина Велес објавува

ЈАВЕН  ПОВИК

за субвенционирање на физички лица за купен велосипед за 2020 година

 

  1. Опис на јавниот повик

 

Општина Велес на физичките лица кои ќе купат велосипед од денот на објавувањето на јавниот повик 27.05.2020г., заклучно со 26.06.2020г. ќе им субвенционира дел од трошоците направени при купување велосипед.

На барателот ќе му се надоместат дел од трошоците направени при набавка на велосипед во висина од 50% од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 3.000,00 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход.

Јавниот повик ќе се реализира по принципот „прв дојден, прв услужен“.

  1. Право на учетво на јавниот повик

 

Право на учество на овој Јавен повик имаат физички лица кои ќе купат велосипед од денот на објавата на јавниот повик па се до 26.06.2020г., ќе поднесат барање за надоместување на дел од трошоците за набавка на велосипед, а кои ги исполнуваат условите од овој Јавен повик.

  1. Услови што треба да ги исполни барателот

Физичкото лице/барател е должно да ги исполни следниве услови:

  • да е жител на Општина Велес,
  • да нема добиено финансиски средства за набавка на велосипед од било кој извор во Република Северна Македонија (не го искористил правото на субвенционирање по овој основ),
  • велосипедот да го купил од денот на објавување до денот на завршување на Jавниот повик, односно до исцрпувањето на буџетот за оваа намена,
  • купениот велосипед да не биде помал од 24” (инчи), односно 60,96 санитметри, односно да одговара на популација деца кои не се помали од 8-9 години.
  1. Начин на пријавување на јавниот повик

Барателот за добивање субвенција е должен да ја поднесе следната документација:

  • Барање за субвенција (Барањето може да се подигне во архивата на Општина Велес или да се обезбеди од интернет страницата на Општината: www.veles.gov.mk),
  • фотокопија на важечка лична карта на барателот, како доказ дека е жител на Општина Велес,
  • фотокопија од трансакциска сметка на барателот,
  • доказ дека е извршено купување на велосипед и тоа: фискална сметка во оригинал или фактура со извод од деловна банка, со датум од денот на објавувањето до денот на завршувањето на Jавниот повик, односно до денот на исцрпување на средствата по овој основ,
  • изјава дека барателот нема искористено право на поврат на средства за набавка на велосипед на друг јавен повик од било кој извор во Република Северна Македонија (Изјавата може да се подигне во архивата на Општина Велес или да се превземе електронски од веб страната на општината).

            Едно физичко лице може да поднесе само едно барање за добивање на субвенција за еден велосипед.

Барањето за надоместување на дел од трошоците  за купен велосипед, заедно со потребната документација се поднесува во архивата на Општина Велес, на ул. Панко Брашнар бр. 1 Велес, секој работен ден од 07.30 до 15.30 часот, во затворен плик.

На пликот треба да е наведено: “Јавен повик за надоместување на дел од трошоците на физички лица за купување велосипед”.

Архивата на Општина Велес примените барања ќе ги евидентира со точното време на поднесување (датум, час и минута), заради воспоставување редослед по кој ќе се разгледуваат барањата.

  1. Начин на спроведување на Јавниот повик

 

За спроведување на Јавниот повик, Градоначалникот формира Комисија за спроведување на постапката за субвенционирање на физички лица за купен велосипед.

Општина Велес дополнително ќе ја извести јавноста за продолжување на рокот и по изминување на рокот од овој Јавен повик заради целосно исцрпување на средствата.

Финансиските средства ќе се сметаат за исцрпени односно доделени кога на предлог на Комисијата, Градоначалникот на Општина Велес ќе донесе решение за исплата на средствата.

  1. Начин на остварување на правото на надоместок

Градоначалникот на Општина Велес на предлогот на Комисијата носи решение за одобрување на барањето за барателите кои ги исполниле условите согласно Јавниот повик и исплата во рок од 30 дена од објавувањето на листата на физички лица за кои е донесено решение за одобрување на барањето. Уплатата на персоналниот данок на доход кој се одбива од доделената поединечна субвенција ќе ја изврши Општина Велес.  

Градоначалникот на Општина Велес на предлог на Комисијата носи решение за одбивање на барањето во рок од 20 дена од денот на завршувањето на јавниот повик за барателите кои не ги исполниле условите од јавниот повик.

 

 

 

                                                                   ОПШТИНА ВЕЛ

Согласно член 4 од Правилникот за условите, начинот и постапката за користење на финансиски средства од Буџетот на Општина Велес за субвенционирање на физички лица од подрачјето на Општина Велес за купен сончев термален колектор (Службен гласник на Општина Велес бр. 06/20), а во врска со Одлуката за определување на максимален износ на доделување на поединечна субвенција на физичко лице за купен сончев термален колектор за 2020 година (Службен гласник на Општина Велес бр. 06/20), Општина Велес објавува

ЈАВЕН  ПОВИК

за субвенционирање на физички лица за купен сончев термален колектор

за 2020 година

 

  1. Опис на јавниот повик

 

Општина Велес на физичките лица кои ќе купат сончев термален колектор од денот на објавувањето на јавниот повик 27.05.2020г., заклучно со 26.06.2020г. ќе им субвенционира дел од трошоците направени при купување сончев термален колектор.

На барателот ќе му се надоместат дел од трошоците направени при набавка на сончев термален колектор во висина од 50% од вредноста на сончевиот колектор, но не повеќе од 20.000,00 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход.

Јавниот повик ќе се реализира по принципот „прв дојден, прв услужен“.

  1. Право на учетво на јавниот повик

 

Право на учество на овој Јавен повик имаат физички лица кои ќе купат сончев термален колектор од денот на објавата на јавниот повик па се до 26.06.2020г., ќе поднесат барање за надоместување на дел од трошоците за набавка на сончев термален колектор, а кои ги исполнуваат условите од овој Јавен повик.

  1. Услови што треба да ги исполни барателот

Физичкото лице/барател е должно да ги исполни следниве услови:

  • да е жител на Општина Велес,
  • да нема добиено финансиски средства за набавка на сончев термален колектор од било кој извор во Република Северна Македонија (не го искористил правото на субвенционирање по овој основ),
  • сончевиот термален колектор да го купил од денот на објавување до денот на завршување на јавниот повик, односно до исцрпувањето на буџетот за оваа намена,
  • сончевиот термален колектор да биде инсталиран на адресата на живеење наведена во личната карта на барателот,
  • станбениот објект да не е во фаза на градба и во него барателот да живее,
  • само едно лице од домаќинството може да поднесе барање за добивање на надоместок.
  1. Начин на пријавување на јавниот повик

Барателот за добивање субвенција е должен да ја поднесе следната документација:

  • Барање за субвенција (Барањето може да се подигне во архивата на Општина Велес или да се обезбеди од интернет страницата на Општината: www.veles.gov.mk),
  • фотокопија на важечка лична карта на барателот, како доказ дека е жител на Општина Велес,
  • изјава дека барателот и членовите на неговото семејство/домаќинство немаат искористено право на поврат на средства за набавка на сончев термален колектор на друг јавен повик од било кој извор во Република Северна Македонија (Изјавата може да се подигне во архивата на Општина Велес или да се превземе електронски од веб страната на општината),
  • фотокопија од трансакциска сметка на барателот,
  • доказ дека е извршено купување на сончев термален колектор и тоа: фискална сметка во оригинал или фактура со извод од деловна банка, со датум од денот на објавувањето до денот на завршувањето на јавниот повик, односно до денот на исцрпување на средствата по овој основ,
  • потврда за платен данок на имот за станбениот објект каде е инсталиран сончевиот термален колектор заклучно со претходната година пред објавување на јавниот повик.

Барањето за надоместување на дел од трошоците за купен сончев термален колектор, заедно со потребната документација се поднесува во архивата на Општина Велес, на ул. Панко Брашнар бр. 1 Велес, секој работен ден од 07.30 до 15.30 часот, во затворен плик.

На пликот треба да е наведено: “Јавен повик за надоместување на дел од трошоците на физички лица за купување сончев термален колектор”.

Архивата на Општина Велес примените барања ќе ги евидентира со точното време на поднесување (датум, час и минута), заради воспоставување редослед по кој ќе се разгледуваат барањата.

  1. Начин на спроведување на Јавниот повик

 

За спроведување на Јавниот повик, Градоначалникот формира Комисија за спроведување на постапката за субвенционирање на физички лица за купен сончев термален колектор.

Општина Велес дополнително ќе ја извести јавноста за продолжување на рокот и по изминување на рокот од овој Јавен повик заради целосно исцрпување на средствата.

Финансиските средства ќе се сметаат за исцрпени односно доделени кога на предлог на Комисијата, Градоначалникот на Општина Велес ќе донесе решение за исплата на средствата.

  1. Начин на остварување на правото на надоместок

По секое поединечно комплетно барање, Комисијата врши увид дека колекторот е купен и инсталиран во живеалиштето според личната карта на барателот, дека станбениот објект не е во фаза на градба и во него барателот живее.

Барателот е должен да и овозможи пристап на Комисијата до станбениот објект и просторот каде е инсталиран сончевиот термален колектор.

Од извршениот увид Комисијата изготвува записник со приложена фотодокументација.

Градоначалникот на Општина Велес на предлог од Комисијата носи решение за одобрување на барањето за барателите кои ги исполниле условите согласно Јавниот повик и исплата во рок од 30 дена од објавувањето на листата на физички лица за кои е донесено решение за одобрување на барањето.

Уплатата на персоналниот данок на доход кој се одбива од доделената поединечна субвенција ќе ја изврши Општина Велес.  

Градоначалникот на Општина Велес на предлог на Комисијата носи решение за одбивање на барањето во рок од 20 дена од денот на завршувањето на Јавниот повик за барателите кои не ги исполниле условите од овој Јавен повик.

 

 

 

                                                                    ОПШТИНА ВЕЛЕС

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново