Годинава три нови модели на iPad
Apple во текот на оваа година би можеле да претстават дури три нови модели на таблети со дијагонала на екран од 9,7 до 12,9 инчи.
Се чини дека Apple во 2017-та година, најголемо внимание ќе посвети на Ајфонот, но и на трите модели на iPad кои што компанијата од Купертино планира да ги претстави во втората половина од оваа година, вклучувајќи го и моделот со закривен OLED екран и можност за бежично полнење.
Еден од најпознатите аналитичари кој што ги следи Apple веќе долги години на пазарот, Минг-Чи Куо од KGI Securities, верува дека Тим Кук и неговата екипа оваа година – најверојатно во втората половина, ќе претстави три нови модели на iPad.
Куо кој во последните неколку години се покажа како еден од најсигурните извори кога се во прашање гласините поврзани со Apple, вели дека американската компанија ќе го надогради класичниот 9,7 инчен iPad со подобра верзија со А9 процесор каков што е вграден во iPhone 6S, а најважно, овој таблет ќе пристигне со поевтина цена.
Моментално најдобриот таблет на Apple, 12,9 инчниот iPad Pro, ќе добие А10 процесор (А10Х) каков што се вградува во iPhone 7 така што новиот Pro би требало да има доста тенка рамка околу екранот, а точната големина и останатите спецификации на овој таблет и натаму не се познати, но со оглед на тоа што Apple сака да ја зголеми продажбата и популарноста на своите таблети, многумина очекуваат дека новите таблети ќе пристигнат со пониска цена.
Извор: tocka.com.mk