Дневен хороскоп за 4. март
04.03.2021
ОВЕН
Работа: Се чувствувате несигурно а работа. Самодовербата е во пад и имате впечаток дека сте неуспешни.
Љубов: Емоциите ви проработеле и влегувае во нова врска. Врската е од таен тип, но тоа не ви пречи.
Здравје: Внимавајте на исхрана. Стомакот е чувствителен.
БИК
Работа: Добивате нова понуда. Понудената плата е мала, и тоа е причина што ја одбивате.
Љубов: Врската не напредува. Не сте отворени кон другата половина и директно сте одговорни за проблемите во врската.
Здравје: Стабилно здравје.
БЛИЗНАЦИ
Работа: Имате одговорен став кон работните обврски. Надредената личност е задоволна од вашиот однос кон работата и резултатите.
Љубов: Ситуацијата во брак не е најдобра. Проблемите се во комуникацијата.
Здравје: Солидно здравје.
РАК
Работа: Добивате нова работна понуда. Имате впечаток дека во целост ви одговара и подготвено ја прифаќате.
Љубов: Односот со партнерот не е задоволувачки. Потребна ви е топла врска, а партнерот ви делува ладно.
Здравје: Ограничете го внесот на храна.
ЛАВ
Работа: Комуникацијата не ви оди од рака. Преговорите не одат во посакуван правец и на крајот неуспешно завршуваат.
Љубов: Иако сте зафатени, уживате во флерт и тоа некој да ве смета за привлечен.
Здравје: Можен пад на расположението.
ДЕВИЦА
Работа: Ве очекуваат проблеми кои нема да успеете да ги решите. Ви претстои финансиска добивка.
Љубов: Премногу сте фокусирани на работа така што брачниот партнер се чувствува запоставено.
Здравје: Не е најдобро здравјето. Ве очекува пад на притисокот.
ВАГА
Работа: Работните обврски ги доживувате како начин на исполнување на вашата креативност и уживате во тоа.
Љубов: На работа доаѓа до флерт. Пробувате себе си да се убедите дека не е ништо, иако емоциите ви проработиле.
Здравје: Добро здравје.
ШКОРПИЈА
Работа: Во тек е период на експанзија. Добивате нови обврски кои не ви претсавуваат никаков проблем.
Љубов: Уживате во тајна врска. Ви проработиле емоциите и страста.
Здравје: Добар период за опоравување ако сте биле болни.
СТРЕЛЕЦ
Работа: Задоволни сте како се развива соработката со партнерите од странство.
Љубов: Не сте во целост задоволен од односот со брачниот партнер. Имате впечаток дека другата страна не ве разбира.
Здравје: Солидно.
ЈАРЕЦ
Работа: Максимално сте посветени на работните обврски, но имате впечаток дека не сте успешни.
Љубов: Односот со брачниот партнер не е најдобар. Кај вас како да дошло до заситување и оддалечување.
Здравје: Физички сте добро, но психолошки сте во пад.
ВОДОЛИЈА
Работа: Комуникацијата со колегите не е најдобра, така да не успевате да постигнете заеднички договор околу обврските.
Љубов: Се сомневате во верноста на партнерот, но околу своите сомнежи не разговарате директно со него.
Здравје: Под стрес сте, и неопходен ви е одмор.
РИБИ
Работа: Сугестивни сте, и така без проблеми го убедувате потенцијалниот спонзор да даде пари за вашиот проект.
Љубов: Емоциите во работат. Љубовта е тајна или платонска поради нечиј статус.
Здравје: Добро се чувствувате.
Мите Јаначков