Дневен хороскоп за 23. февруари
23.02.2021
ОВЕН
Работа: Најдобро ќе профитирате низ купопродажба на недвижности, земји и низ работа со храна, а исто така и низ работи поврзани со банкарство, финансии, економија.
Љубов: Сега е шансата за оние кои се слободни да влезат во емотивна врска со личноста која ја запознале преку работа.
Здравје: Што повеќе шетање и престој на свеж воздух.
БИК
Работа: Оние кои се во приватен бизнис, имаат пред себе период кој носи успех, зголемување и ширење на работата.
Љубов: На некои ќе им се укаже шанса тајно да се вљубат, и да влезат во тајна врска.
Здравје: Можни се повреди, и затоа избегнувајте физички напори.
БЛИЗНАЦИ
Работа: Сега е вистински момент нешто да промените, да проширите или да се здружите со некој и да усвоите нови идеји.
Љубов: Оние кои имаат стабилна приказна, може да очекуваат среќни моменти со саканата личност.
Здравје: Несоница и нервоза ве следи.
РАК
Работа: Ако се занимавате со трговија, увоз или извос, ќе имате добри шанси да профитирате.
Љубов: Оние кои се слободни, наскоро нема да бидат. Познанство со младо лице со ведар дух и која привлекува, ви создава „пеперутки во стомакот“.
Здравје: Внимавајте на урогениталниот тракт.
ЛАВ
Работа: Сега е вистинско време своите идеи и замисли да ги спроведете на дело.
Љубов: Сега е важно да остварите искрен, пријателски однос со партнерот и да го зголемите степенот на толеранција.
Здравје: Пад на имунутетот и можност за настинка.
ДЕВИЦА
Работа: Сега е време за нови почетоци, но исто така и за поголеми предизвици на веќе постоечката работа.
Љубов: Различностите во партнерските односи ќе се искажат низ судир на мислења, очекувања, недоразбирања.
Здравје: Постои тенденција за престој во изолација.
ВАГА
Работа: Сонувајте, правите големи планови, затоа што лесно може да се остварат.
Љубов: Можност за љубов на краток пат е изразена или познанство со личност која живее некаде далеку од вас, на соседно место, во соседен град.
Здравје: Можни се повреди, удари, падови…
ШКОРПИЈА
Работа: Чувството на среќа и леснотија ќе ве следи во текот на денот. Ќе оставате силен впечаток на сите со кои соработувате.
Љубов: Оние кои се сами, ќе запознаат привлечна личност која ќе пробуди емоции.
Здравје: Посетете стоматолот или направете еден мал систематски преглед.
СТРЕЛЕЦ
Работа: Лесно може да се случи да искрснат дури две прилики. Онаа која во вас буди подобро чувсвтво – полет, радост, восхит, немојте да ја пропуштите.
Љубов: Многумина ќе се одлучат за почеток на заеднички живот, а многу од вас ќе бидат во план на проширување на семејството.
Здравје: Бидете многу внимателни кога е исхраната во прашање.
ЈАРЕЦ
Работа: Поволните впечатоци носат стабилност во вашата кариера. Поволни се за зголемување на работата, нови работи, ширење на работата но и поголеми финансии.
Љубов: Лесно може да дојдете до конфликт со саканата личност, како и до незадоволство или сомневање во љубовта.
Здравје: Стабилна стиуација, но можен е висок притисок.
ВОДОЛИЈА
Работа: Многу работи нема да може да ги држите под контрола, па тоа ќе ви носи немир и збрканост во мислите.
Љубов: Оние кои се слободни, ќе запознаете личност преку пријател или преку дружење.
Здравје: Стомачни проблеми.
РИБИ
Работа: Подобро е сите големи одлуки да ги оставите за некој друг пат, но ако сметате дека нема потреба од чекање, совет е уште еднаш добро да ги проверите и да се консултирате со некого.
Љубов: Совет е што повеќе да шетате, и тоа на некои јавно место, и можеби ќе запознаете некоја интересна личност.
Здравје: Проблеми со видот.
Мите Јаначков