Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

horoskop

23.01.2021

ОВЕН
Во некои работи дефинитивно претерувате, и треба да размислите колку воопшто тоа ќе ви користи. Не ги присилувајте другите да прават работи на вашиот начин. Лицето што ви се допаѓа од вас извлекува голема количина добра енергија, духовитост и ентузијазам.

БИК
Ве очекуваат убави моменти со саканата личност. Премногу ќе мислите за нечии зборови. Нема потреба да ги доживувате како критика, туку како упатство како да функционирате понатаму.

БЛИЗНАЦИ
Иако деловниот сегмент понекогаш е прикажан како хаотичен, вие сте повеќе од добри во вашата конфузија. Во емоционален живот, односот помеѓу вас и саканата е позитивно решен. Се чувствувате повеќе од добро и лесно го пренесувате вашето расположение кон вашиот партнер.

РАК
Веројатно денеска ќе направите храбар потег и ќе постигнете многу повеќе од она што сте го планирале. Едноставно, енергијата на овој ден е сосема пријатна за вас. Одлични контакти со спротивниот пол. Здравјето ви е одлично.

ЛАВ
Подготвени сте да свртите нов лист и ќе направите одличен потег денеска. Имавте многу отежнувања, кои лесно ќе ги надминете. Воопшто не се вклопувате во комуникацијата со личност која ви се допаѓа одамна. Таа личност не ве заслужува. Изборете се за себе.

ДЕВИЦА
И покрај лошите аспекти на ѕвездите, вие давате сè од себе на ова поле. Истрпете, ќе поминат тешките мигови. Делувате недопирливо и личноста на која и значите се лути поради тоа. Внимавајте на туѓите чувства. Проверете го хормонскиот статус.

ВАГА
Со тешко срце признавате дека работите не одат најдобро. Потребна ви е самостојност на работното место, но тоа не доаѓа така лесно. Изборете се. Се појавува личност од минатото. Морате да завршите со таа приказна наскоро.

СКОРПИЈА
Се враќате на старите навики и старото темпо на работа. Немате потреба да се чувствувате лошо, бидејќи сите работи ви се јасни. Конфликтите со партнерот се неизбежни. Можни се болки во мускулите.

СТРЕЛЕЦ
Одличното расположение ќе ве следи во текот на целиот ден. Идеите не се лоши, само потребно е да ги дискутирате со другите. Ако сте во брак или во врска, внимавајте на зборовите кои ги кажувате. Се чувствува голема доза на бес. Внимание за хроничните болни.

ЈАРЕЦ
Сугестивно делувате на партнерот. Премногу сте интиуитивни кога станува збор за емоциите. Не сакате да сте сами. Здравјето не е лошо. Јадете поздраво.

ВОДОЛИЈА  
Идеите со кои ќе се занимавате во првиот дел на денот ви овозможуваат разрешување на една поголема ситуација. Свесни сте колку вредите и тоа е добро. Ќе се потрудите да разговарате и да ги средите работите и ве очекува интересна дискусија со саканата личност.

РИБИ
Ве мачат одредени дилеми кои премногу сте ги размислувале, а не треба така. Чувствувате потреба да поправите нешто. Некој ви се меша во врската и почнува да ве иритира нивното присуство. Подготвени сте за конфликт. Здравјето е добро.

Мите Јаначков

 

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

KOZUVCANKA 2021 01

Х Фактор Акцелератор ја најавува својата нова Инвестициска програма и инвестиции до 100.000 Евра

 

Најактивниот акцелератор во Македонија Х Фактор Акцелератор ја најавува својата нова Инвестициска програма и инвестиции до 100.000 Евра во стартап фирми и дополнителна техничка поддршка, менторство и пристап до компании. Повикот е отворен за пријавување до 15ти Март, со вкупен буџет за инвестиции од 300.000 Евра кои ќе се инвестираат во 3-5 компании.

X Фактор Акцелератор е првиот од трите акцелератори поддржани од ФИТР преку Светска банка, кој во изминатата година реализираше две инвестиции во вкупен износ од 200.000 евра во стартап – тимовите на Матриошка и Vision Dynamix.

Оваа година и покрај предизвиците на корона кризата - X Фактор Акцелератор продолжува да креира средина која го стимулира и поттикнува развојот на новите бизниси преку поддршка на растот за регионална/глобална експанзија.

Кои критериуми треба да ги исполнат стартапите за да аплицираат на повикот?

Што бараме од компаниите како услов за влез во Инвестициската програма:

  • Оформен, искусен и посветен тим,
  • Оформен производ кој е во фаза на пазарна валидација,
  • Продажба на први клиенти,
  • Компанијата да е регистрирана во Р.С.Македонија, со најмалку 51% Македонска сопственост.

Оваа година фокусот е на иновативни решенија од било која дејност, со глобален потенцијал на раст.

 

Што добиваат стартапите во рамки на Инвестициската програма?

Оваа програма има за цел да ги донесе компаниите што побрзо до инвестиција и нови пазари. За таа цел X Фактор Акцелератор ќе започне со преговори за инвестирање и менторска поддршка со 5 до 10 од аплицираните компании преку:

  1. Специјализирана менторска програма спроведена од нашиот тим, како и од искусни ментори од партнерските организации: ФИТР, World Bank, SwissEP, Startup Macedonia, Senior Experts Program.
  2. Покрај експертската помош, акцент ќе ставиме на валидација на постоечките решенија и бизнис модели за пристап до локалните и интернационалните пазари со искусните тимови на нашите корпоративни партнери како Oracle for startups и други локални и глобални корпорации.
  3. Техничка поддршка за компаниите преку унапредување на нивната маркетинг стратегија, дигитално присуство и развој на бренд со тимот на Monday дигитална агенција, дополнителен развој и/или валидација на софтверски решенија со екпертска поддршка на ИТ професионалци од SkillUp Academy и пристап до нови пазари преку 36 Chambers.

Најважниот ресурс кој го добиваат стартапите за време на програмата, освен финансииите е целокупната поддршка за вмрежување и зголемување на видливоста на бизнисите.

Акцелераторот овозможува размена на знаења и искуства помеѓу самите претприемачи, од каде што има огромен потенцијал за произлегување на голем број нови партнерства.

  

Каков е процесот на апликација?

  1. 18.02 Изјавување на Интерес: Апликациите се одвиваат преку нашиот вебсајт со испраќање на краток опис на бизнис идејата со пополнување и прикачување на апликациска форма во коja се објаснува бизнисот,
  2. 09.03 Ask me Anything: Сесија во живо за да праша публиката сѐ што ги интересира;
  3. 15.03 Евалуација: Апликациите кои од страна на Комитетот за евалуација на проекти ќе се оценат дека се најиновативни и имаат потенцијал за раст ќе се квалификуваат за влез во следната фаза;
  4. 20.03 Валидација: Во оваа фаза селектираните тимови треба да поднесат дополнителни документи Pitchdeck, Финансиски проекции, CaseStudy со кои би се потврдиле првичните бизнис концепти и презентирање пред Евалуациониот Комитет;
  5. 01.04 Преговори и Менторство: Вклучување на 5-10 компании во 8 неделна Инвестициона програма и подготовка на компанијата за инвестиција преку, менторство, експертска поддршка, состаноци со потенцијални клиенти и партнери како и преставување на локални и регионални настани. Во текот на програмата тимот на X Фактор Акцелератор ќе го отпочне процесот на Due diligence со тимовите;
  6. 01.06 Демо ден: Стартапите презентираат пред Инвестицискиот одбор и мрежата на партнери, корпорации и инвеститори кои ќе ги одберат компаниите со кои ќе се започнат финалните преговори за инвестиција;
  7. 01.07 Потпишување на Инвестиционен договор: Финализирање на преговарачкиот процес и потпишување договори за инвестиција.

Што да очекувам од X Фактор Акцелератор?

X Фактор Акцелератор има за цел да направи инвестиција во период од 4-6 месеци од аплицирање во програмата во износ од 30.000 до 100.000 евра по компанија, зависно од фазата на развој. X Фактор Акцелераторот има за цел да стане малцински содружник, со процентуален удел во компанијата кој е предмет на преговори. Претставник на акцелераторот ќе добие место во бордот на директори и континуирано ќе помага во донесување на стратешки одлуки и поврзување на компанијата со потенцијални партнери, клиенти и интернационални инвестициони фондови.

 

Овогодинешниот повик официјално е започнат и вашите апликации ги очекуваме до 15ти Март 2021 година преку веб страната на Х Фактор Акцелератор: http://xfacc.mk/

Одговорно лице за контакт: Јозефина Симитчиева 078 377 504

 
   
   
   
   

Најново