Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

radosnivesti fin

Ден што носи многу радосни вести.

Овен
Би можело да се случи да потклекнете пред нечие додворување, и да сфатите колку е убаво да бидете освоени, но и да победите. Денот ќе ви помине во копнежно расположение, особено во случај доколку „страдате” од невозвратени чувства. Во вечерните часови ќе влезете во дискусија.

Бик
Во последно време сте неодговорни, а за сето тоа може скапо да платите. На работа ве очекува прилично комплицирана ситуација, затоа што не сте способни да се концентрирате, работите пристигнуваат или отпаѓаат, а вие не сте во состојба да се снајдете во таа гужва. Во љубовта постои можност да бидете фатени во лага.

Близнаци
Ве очекуваат некои пречки и проблеми кои многу ќе ве оптеретуваат. Бидете многу внимателни во постапувањата со имотот и засега избегнувајте важни одлуки, особено ако се поврзани со финансии. Односите со околината ќе ви бидат многу добри, но не особено блиски.

Рак
Одличен ден за започнување со нова работа, или некакво усовршување. Сите ваши напори за развивање и подобрување на вашите знаења и умеења ќе бидат успешни, а секако дека ќе ви донесат и успех. Финансиската ситуација ви е доста нестабилна, па можеби ќе бидете загрижени поради тоа.

Лав
Потресени сте од некоја состојба во семејството, но потајно верувате дека се ќе биде во ред. На работното место во моментов можеби стагнирате но во иднина од вас ќе се очекува повеќе, а вие ќе бидете максимално подготвени да напредувате. Не размислувајте песимистички, погледенете ја и другата страна.

Девица
Поради различните деловни интереси и правила кои ги наметнува една влијателна личност, морате да прифатите компромисно решение. Изгледате загрижено, бидејќи околината нема доволно слух за да го прифати вашето мислење. Но не се грижете, во текот на оваа недела ќе се решат сите проблеми, а вие повторно ќе заблескате.

Вага
Верувате дека ќе успеете со одредена тактика да надмудрите некој кој долго не сте го слушнале или некој за кој никогаш не сте сигурни како ќе реагира на вашите деловни предлози. Бидете подготвени да влезете во некоја нова работа во која ќе биде потребно да имате добро познавање на странските јазици.

Скорпија
Околу вас ќе забележите многу љубомора и компетитивност. Луѓето ќе се натпреваруваат за да докажат кој е подобар или кој е попопуларен. Не влегувајте во таа игра, бидејќи на крајот никој нема да излезе како победник, а таквата тивка борба ќе повлијае негативно на вашите односи со луѓето.

Стрелец
Во конфликт сте со желбите и можностите. Треба да направите компромис и да се задоволите со она што го имате. Вашите фантазии за нешто повеќе ви го нарушуваат мирот. Посакувате да избегате од работата, но тоа сега не е правилно решение. Стрпете се, во наредната година ќе дојдат подобри денови. Некоја Вага ќе ви понуди помош, прифатете ја.

Јарец
Доколку се стремите кон бизнис напредок, ќе морате да бидете послушни и без прашања да ги усвојувате одлуките за во иднина. Иако вам тоа нема да ви се допадне, на крајот ќе сфатите дека тоа е полесно отколку што мислевте дека ќе биде. Во вечерните часови, можете да добиете некоја чудна порака од некое лице кое едноставно решило да ви каже што се мисли за вас.

Водолија
Околностите ќе ве поттикнат на промени во однесувањето, при што најсилни сојузници ќе ви бидат енергијата и вербата во себе. Денот ќе го поминете во тесна комуникација со другите. Ќе запознаете нови луѓе, ќе направите корисно познанство и ќе извлечете корисни лекции од искуствата на другите.

Риби
Не вртете се назад, имајте позитивни мисли ако сакате полесно да се справите со проблемите. Не преземајте конкретни чекори. Ако успеете да најправите добра стратегија ќе ги насочите активностите на адекватен начин. Добро ќе се чувствувате кога добрите резултати на крајот од денот ќе ви донесат голема насмевка на лицето.

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново