Како да го привлечете според хороскопот?
Еве што им се допаѓа на мажите според хороскопот, што ги привлекува, а што ги одбива. Искористете ги овие мали тајни …
Овен
Овенот сака да се чувствува како да е еден и единствен. Кога сте со него тој мора да биде центар на вашиот свет. Контакт со очите, „паметни“ прашања и избегнување на пишување СМС пораки додека сте заедно, се нешта што многу му значат. Но не минувајте со него премногу време, инаку ќе помисли дека немате свој живот.
Бик
Бикот е знак со изострени сетила. Тој не може да ја промени својата природа и не е виновен што го привлекуваат жени кои изгледаат убаво, имаат прекрасна коса и се грижат за себе. Но вие треба да знаете дека токму тоа можете да го искористите за да го заведете.
Близнаци
Го привлекуваат интересни и интелигентни жени. Нормално, паметна жена знае кога е време да престане да зборува и да почне да слуша.
Рак
И покрај неговиот тврдоглав и тежок карактер, овој маж е нежна душа. Тој бара жена на која може да и верува, љубезна, полна со љубов, жена која ќе му биде вистинска поддршка и сигурно засолниште. Покажете му дека сте чувствителна и тој ќе биде луд по вас.
Лав
Лавот е харизматичен, а сака привлечни и интелигентни жени. Но, смислата за хумор е посебен квалитет кој му е на прво место. Тоа сепак, не можете да го глумите, но барем знаете со што може да го заведете.
Девица
Не го привлекуваат жени кои се премногу секси. Тој сака комплетна личност: мотивирана, сочувствитлна, заинтересирана за животот… И морална.
Вага
И покрај тоа што не води којзнае колку многу сметка за изгледот, сепак сака жени со стил. Таа не мора да ги следи најновите модни трендови и да носи дизајнерска облека, но треба да знае соодветно да се облече за секоја прилика.
Шкорпија
Тој разбира дека љубовта е магична, но воедно е и еден од ретките мажи кои немаат никакви проблеми со тоа партнерката да ја покажува својата женственост. Тој секогаш сака да ги користите своите моќи на заведување, бидејќи тоа е она што го хипнотизира.
Стрелец
Кај нив сѐ зависи од потерата. Ако спаѓате во оние жени кои лесно може да се добијат или пак ако едноставно многу бргу се заљубите во него, тој веројатно ќе ве остави и ќе побара друг предизвик. Однесувајте се како вашата љубов и наклонетост да се ретка награда, бидејќи тоа е она што ќе го привлече Стрелецот.
Јарец
Овој традиционален маж се воодушевува на жени кои се во состојба да ги исполнат истите улоги што ги вршеле жените во неговото семејство. Тоа не значи дека останал во минатото и дека нема отворен поглед кон светот. Тој едноставно сака девојка која ќе ѝ се допадне на неговата мајка, а која ќе ја ценат и неговите пријатели.
Водолија
Мажот со овој хоросопски знак е многу тешко да го разберете бидејќи има нејасна граница меѓу љубовта и пријателството, така што е многу тешко да препознаете на што сте. Најдобро е прво да го сметате за пријател, а пота оставете да видите во која насока ќе се развива вашата врска.
Риби
Мажот во знакот на рибите сака сигурност во врската. Но немојте да претерувате со константни притисоци и немојте да користите изрази од типот „нам ни е судено…“. Наместо тоа, свртете му го вниманието на вашите сличности.