Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Кој ја пробал еднаш оваа торта, станал нејзин љубител за целиот живот …

Потребно е: 6 јајца, 6 лажици шеќер, 6 лажици брашно, 1/3 од подготвениот грилјаж.

за шербетот: ½ лажица шеќер, 1 чаша вода, 2 лажици коњак

за грилјажот: 400 гр шеќер, 400 гр ореви

за фил 1: 250 гр путер, 250 гр шеќер во прав, 4 жолчки

за фил 2: 250 гр путер, 250 гр шеќер во прав, 5 јајца, 2 кесички ванилин шеќер, 200 гр чоколадо за готвење

Подготовка:

на грилјажот:
– Во сад на рингла ставете го шеќерот и топете го додека не карамелизира, пазејќи при тоа да не ви прегори. Додадете ги оревите. Оваа смеса вака врела сипете ја во навлажнета тава и оставете да се излади.
– Кога ќе се излади ставете го во аван и истолчете го. Од така добиениот грилијаж одделете 1/3 и оваа количина поделете ја на два дела.
– Одделете ги жолчките од белките. Изматете ги белките со шеќерот со миксер. Кога ќе ги изматите намалете ја брзината на миксерот и со постојано матење додавајте ги жолчките една по една во шнето од белки. Потоа додадете го и брашното и половина од 1/3 од грилијажот што го одвоивте претходно.
– Од горната смеса треба да испечете две кори. Значи половина од смесата сипете во тава претходно обложена со хартија за печење и ставете да се пече во загреана рерна на 200 целзиусови степени. Проверете со чепкалка за заби дали е печено тестото.

на филот 1:
– Изматете ги пенасто путерот и шеќерот. Додадете ги четирите жолчки и продолжете да матите додека не добиете хомогена смеса. Додадете ја преостанатата половина од грилијажот.
– Земете една кора и попрскајте ја со претходно подготвениот шербет со коњак во него. Одозгора нанесете го филот 1.
– Одозгора ставете ја втората кора.

на филот 2:
– Изматете ги путерот и шеќерот како што направивте со филот 1. Додадете 5 жолчки и кога ќе се соединат додадете шне од 5 белки кои претходно ги измативте. Додадете истопено изладено чоколадо. Овој фил ви служи за премачкување на тортата одозгора (врз втората кора) и од страна.
– Кога убаво ќе ја премачкате тортата со филот 2, украсете ја по желба со шлаг или пак со растопено чоколадо.

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

Duma Banner

ezgif.com video to gif1

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

С О О П Ш Т Е Н И Е  З А  Ј А В Н О С Т

           

Општина Велес ја информира јавноста дека, првото авионско тертирање против комарци ќе го изврши на ден 07 јуни (недела) 2020 год. во периодот од 05.00 до 06. 30 часот. Доколку временските услови не дозволуваат авионско прскање истото ќе се изврши наредниот ден, 08 јуни (понеделник) 2020 год.

Границата, на третирањето е: Езеро Младост, с. Отовица, месност Јарбош, по течението на Вардар од север од с. Башино село низ Велес, се до вливот на реката Бабуна и с. Горно Караслари. На запад границата започнува од населбата Превалец, преку населбата Керамидна кон фабриката „Киро Ќучук“ и с. Горно Оризари.

Со третирањето ќе биде опфатено целото градско и приградско подрачје, како и целото течение на реката Вардар на овој потег. И оваа година ќе се третира рекреативниот центар Езеро Младост со непосредната околина.

Се известуваат пчеларите во времето на третирање и 3-4 часа потоа да ги затворат кошниците со пчели, заради можноста од влијание на средството со кое се врши третирањето врз безбедноста на пчелните семејства.

 
   
   
   
   

Најново