Френк Фрешвотерс (79) е фатен во мај минатата година, откако во 1959 година побегнал од затворот во Охајо, овековечен во филмот „Бегство од Шошенк“. Меѓутоа, тој зад решетките се задржал многу кратко и веќе оваа недела ќе биде пуштен на слобода.

Овогодинешната церемонија за доделувањето на Оскарите ја проследија 34,3 милиони Американци, што е најниска телевизиска гледаност во последните осум години.

Љубителите на филмот и обожавателите на холивудскиот заводник можат конечно да здивнат. Леонардо Дикаприо го доби Оскарот за најдобра машка улога во филмот „Повратникот“. Лео ги победи Мајкл Фасбендер, Еди Редмејн, Брајан Кренстон и Мет Дејмон и првпат во кариерата се закити со престижната награда! Еден од најдобрите актери на денешницата длабоко им се заблагодари на режисерот Ињариту и на колегата Том Харди, како и на режисерот Мартин Скорсезе за сè што го научил. „Повратникот“ на Алехандро Гонзалес Ињариту му донесе Оскар за режија, но не и за најдобар филм. Таа титула ѝ припадна на драмата на Том Мекартни, „Под лупа“ (Spotlight). На мексиканскиот режисер Ињариту тоа му е четврти Оскар во кариерата. Оскар за најдобро адаптирано сценарио го освоија Чарлс Рендолф и Адам Мекеј за остварувањето „Обложување на столетието“.

Чешката полиција ги обвинила уметниците од алтернативната група „Зтоховен“ за нарушување на јавен ред и мир, за кражба и уништување на туѓи работи, поради тоа што на 19 септември 2015 година, над канцеларијата на чешкиот претседател Милош Земан во дворецот Хрдчани во Прага, од јарболот го тргнале претседателскиот бајрак и наместо него закачиле огромни црвени гаќи.

Индија е земја со најмногу луѓе умреле додека прават слики од себе. Бомбај ги забрани селфињата во 16 различни области на градот, откако смртните случаи поради манијата почнаа да се зголемуваат драматично. Големите индиски градови се полни со луѓе со испружени раце, кои се насмевнати на телефон.

Може и да звучи како изум од филм за Џејмс Бонд, но шкотски производител на мебел сега нуди на пазарот оклопни тапацирани каучи и столчиња.

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново