Американските научници тврдат дека развиле невидлив полимер кој може да се носи преку кожата и на тој начин да и даде помлад изглед, пренесува „Метро“. Целта на изумот наречен „Втора кожа“' е да ги имитира карактеристиките на природната кожа, како еластичноста, па така оној кој ќе ја носи оваа кожа ќе изгледа помладо.

70-годишна индијка го роди првото дете, пренесе Франс прес, цитирана од агенциите. Таа увери дека не се чувствува премногу стара за да биде мајка. Даџиндер Каур родила момченце минатиот месец, откако прибегнала кон ин витро оплодување во специјализирана клиника во индиската држава Хариана.Двојката која е во брак 46 години, изгубила надеж дека ќе има дете. Односот кон Даџиндер и сопругот бил презир, бидејќи во нивната татковина неплодноста се смета за божјо проклетство.

Ајда Келинг, американска стогодишна баба постави нов рекорд во атлетската дисцплина трчање на 100 метри за жени од 80 и повеќе години.

Кинеската компанија „Синтонг Тијанди“ добила судски спор со компанијата „Епл“, која го оспорила користењето на името Ајфон во кинеската компанија која се занимава со производство на чанти и други производи од кожа.

Десетгодишниот Јани од Финска, го хакирал Инстаграм и покажал дека тоа и не е толку тешко и дека секој кој што се разбира во кодови и сервери може да ги избрише коментарите што ги оставаат корисниците.

Создадоа начин да разговарате со вашиот мачор на човечки јазик.

 

 

SEMM baner MK

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново