Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Jupiter and Saturn

27.11.2020

Нè очекува ретко, фасцинантно небесно задоволство! Двете најголеми планети на нашиот Сончев систем, Јупитер и Сатурн, ќе изгледаат како двојна планета по зајдисонце, вечерта на 21 декември. Ова е прв пат двете планети да бидат толку близу една до друга уште од средниот век.

„Усогласувањето помеѓу овие две планети е прилично ретко, отприлика се случува еднаш на секои 20 години, но овој спој е исклучително редок, заради тоа што планетите ќе се гледаат како една“, изјави Патрик Хартиган, професор по физика и астрономија на Универзитетот Рајс во Хјустон, Тексас.

Тој вели дека според пресметките овој феномен последен пат се случил на 4 март 1226 година.

Иако Јупитер и Сатурн се приближуваат еден на друг уште од летото, двете планети ќе бидат разделени со помалку од дијаметар од полната месечина од 16 до 25 декември.

„Вечерта на најблиското приближување на 21 декември, тие ќе изгледаат како двојна планета, одделена со само петтина од дијаметарот на полната месечина“, вели Хартиган.

Иако најдобрите услови за гледање на овој настан ќе бидат во близина на екваторот, ќе може да се забележи од секој дел на Земјата, ако дозволи време и имаме чисто небо.

Оние кои ќе го „прескокнат“ овој астрономски настан да ги видат Јупитер и Сатурн наблиску до сега, ќе треба да почекаат до 15 март 2080 година кога повторно би биле блиску, но не како сега во декември.

„По овој настан, двете планети би се појавиле толку блиску некаде во 2400 година“, вели тој.

Мите Јаначков

 

 

SEMM baner MK

NOVOGODISENBANERSINALCO

 
   
   
   
   

Најново