Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Venerasofosfin fin

16.09.2020

Во атмосферата на Венера е откриен гасот фосфин, кој на Земјата го има само како производ на бактерии, но астрономите категорично ја отфрлаат можноста дека на „сестрата-близначка“ на нашата планета има или имало услови за живот.


Присуството на фосфин на Венера, сепак, ги шокираше астрономите, бидејќи немаат одговор како е можно да се создал тој гас без присуство на бактерии.

На Земјата, фосфинот е запалив и отровен гас што го создаваат бактерии на кои не им е потребен кислород, како оние што живеат во мочуришта.

Овој гас со мирис на расипана риба или лук можно е да се создаде и при распаѓање на органски материи. Но, освен по органски пат, не се познати други хемиски процеси што би можеле да произведат фосфин.

Венера е најблиска и најслична планета на нашата, но за неа астрономите знаат помалку отколку за Марс или за уште подалечните планети и крие многу мистерии под густата атмосфера. Венера е единствената планета што се врти околу својата оска обратно од сите други во Сончевиот Систем.

Се претпоставува дека пред милиони години имала копно и океан, но со создавањето на густата атмосфера што ја заробува топлината, температурата на површината сега е доволно висока за да стопи олово. Пеколни се и густите облаци, кои содржат и до 90 отсто сулфурна киселина.

– Не е возможно да се создал живот во средина со толку висока концентрација на сулфурна киселина. Но, и другите геолошки и фотохемиски процеси за кои знаеме немаат капацитет да го создадат фосфинот што го откривме – вели професорката Џејн Гривс од Универзитетот Кардиф.

Фосфинот е откриен во горните слоеви на атмосферата на Венера, 50 километри над површината, во концентрација од 20 на милион молекули.

Иако тоа се чини малку, пресметките на истражувачите покажале дека евентуалните вулкански ерупции, молњи, удари на метеорити и сите други познати природни процеси не можат да создадат толку фосфин.
Откритието сериозно го разниша значењето на фосфинот како биопечат за можен живот на друго небесно тело. Барањето одговори како се создал овој гас на Венера, веројатно ќе поттикне нови истражувања и вселенски мисии, кои сега се концентрирани кон Месечината и кон Марс.

 

 

 

SEMM baner MK

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

Основен суд Велес, врз основа на чл.38 ст.3 од Законот за судовите (Сл.весник на РСМ бр.58/06), чл.7 од Законот за изменување и дополнување на Законот за судовите (Сл.весник на РСМ 83/2018) и Одлуката бр.02-2158/1 од 10.12.2015 година на Судски совет на Република Северна Македонија (Сл.весник на РСМ бр.219/15 од 14.12.2015 година), а во врска со потребата од избор на судии поротници поради истек на мандатот на ден 14.11.2020 година, на ден 29.10.2020 година, го објавува следниот:

 

О Г Л А С

за избор на 30 судии-поротници во Основен суд Велес

  1. Кандидатот за судија - поротник потребно е да ги исполнува следните услови:
  1.   да е полнолетен државјанин на Република Северна Македонија
  2. да има завршено најмалку средно образование
  3. активно да го владее македонскиот јазик
  4. да ужива углед за вршење на функцијата судија-поротник
  5. да не е постар од 60 години.
  1. За судија-поротник не може да биде избрано лице кое со судијата или судијата-поротник во истиот суд е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар, ниту лице кое со член на Судски совет на РСМ е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар.

            III. Заинтересираните кандидати потребно е да поднесат пријави и документи и тоа:

            -Диплома за завршено образование (оригинал или заверена на нотар),

            -Уверение за државјанство (не постаро од 6 месеци),

            -Потврда од казнена евиденција (издадена од суд според местото на раѓање, не постара од 6 месеци).

  1. Пријавата со потребните документи и телефон за контакт да се достават до Основен суд Велес (на приемна писарница или преку пошта со препорачана пратка) на адреса ул.„8-ми Септември“ бр.53, во рок од 15 дена од објавувањето на огласот.

                                                                                                                                                            Основен суд Велес

                                               

 
   
   
   
   

Најново