Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

kuce1 fin

3.07.2020

Исто како луѓето, и животните имаат чувства. Животните знаат што претставува љубовта, па тие многу добро може да почувствуваат кога некој ги сака и се грижи за нив, а при тоа и самите ја возвраќаат љубовта.

Токму ваков е и случајот со питбулот Рас, кој бил вдомен по престојот во еден шелтер центар. Тој и девојката по име Кајла која сега е негова сопственичка, се запознале во еден локален центар за бездомни животни, каде Кајла всушност волонтирала за време на студиите.


Кучето кое тогаш се’ уште било бебе се соочувало со бројни здравствени проблеми. Имено, Рас имал кашлица, инфекција на очите, проблеми со кожата, но и крварење. И покрај ова, Кајла сакала да ја преземе грижата за него. Всушност, тоа уште повеќе направило таа да сака да му помогне. Таа забележала дека кучето е исплашено и тивко, па одлучила дека мора да стане дел од нејзиното семејство.

kuce2 fin

Од денот на вдомувањето, тие создале неверојатна врска.

Кајла го вдомила слаткото куче, кое сега не сака да се дели од нејзината прегратка.

Извор: www.iheartintelligence.com

 

 

 

SEMM baner MK

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново