Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Hvar fin

9.06.2020

Кoроната дојде и протатна, предизвика здравствени и економски немири и ги остави во чудо жителите на Хвар. Цените на коктелите се намалија од 50 куни (близу 400 денари) на 25 куни (200 денари), а една ноќ оваа сезона чини само седум или осум евра.

На крајот на минатата недела, кафулињата на познатиот хрватски остров беа скоро празни, а само две едрилици се закотвија во пристаништето.

Според локалните медиуми, никој не ја следи веста за короната како жителите на Хвар.

Еве што ги загрижува: ако дојде до целосна револуција во САД, домаќините ќе останат без неколкуте гости од Америка на кои сметаа.

Од туристичка гледна точка, кон средината на јуни – тоа е како ноември таму. Само 5 отсто од рестораните се отворени и нема катамарани, затоа што не им се исплати заради еден човек да ги палат моторите.

Можеби веќе нема многу смисла да се спореди оваа и претходната година, бидејќи пандемијата ги погоди скоро сите сектори и сегменти на општеството, но во летото 2019 година, на пример, Хвар беше полн со туристи.

– Не верувам дека ќе ги наполниме капацитетите со Унгарци, Чеси и Полјаци. Затоа ова е можеби огромна можност Хвар да размисли внимателно за стратегијата и да го дефинира туристичкиот правец – вели Јошко Росо.

Тео Јеличиќ, потпретседател на градскиот совет на Хвар, изјавува дека „Бразилците, Американците, Австралијците, Азијците и Англичаните го сочинувале повеќе од 85 отсто од ноќевањата во минатата година“, но сега, од јасни причини, тие не постојат.

Слично е и во Сицилија, особено затоа што Италија беше најтешко погодената европска земја за време на епидемијата.

Овој остров се обидува да привлече туристи давајќи по еден гратис за секои три платени ноќевања.

Медитеранот, патем, е домаќин на 350 милиони гости, но сега сите се свесни дека во 2020 година нема да можат да одговорат на успехот од 2019 година, и претходните години. Шпанија исто така има посебни активности: објавува аранжмани за двајца, по цена на едно лице.

Турција, позната по ниските цени, се прашува дали може да оди дури и пониско, во обид да ги анимира туристите, а оваа година се соочува со милион и пол празни хотелски кревети. Оваа земја сметаше дека во 2020 година ќе има 58 милиони гости.

Словенија доделува ваучери од 200 евра за одмори во земјата, а слични придобивки нудат и Јапонија, Германија и Грција.

 

 

SEMM baner MK

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

С О О П Ш Т Е Н И Е  З А  Ј А В Н О С Т

            Општина Велес ја информира јавноста дека, третото авионско тертирање против комарци ќе го изврши на ден 14 август (петок) 2020 год. во периодот од 0500 до 0630 часот. Доколку временските услови не дозволуваат авионско прскање истото ќе се изврши наредниот ден, 15 август (сабота) 2020 год.

            Границата, на третирањето е: Езеро Младост, с. Отовица, месност Јарбош, по течението на Вардар од север од с. Башино село низ Велес, се до вливот на реката Бабуна и с. Горно Караслари. На запад границата започнува од населбата Превалец, преку населбата Керамидна кон фабриката „Киро Ќучук“ и с. Горно Оризари.

Со третирањето ќе биде опфатено целото градско и приградско подрачје, како и целото течение на реката Вардар на овој потег. И оваа година ќе се третира рекреативниот центар Езеро Младост со непосредната околина.

Се известуваат пчеларите во времето на третирање и 3-4 часа потоа да ги затворат кошниците со пчели, заради можноста од влијание на средството со кое се врши третирањето врз безбедноста на пчелните семејства.

           

                                                                                    Градоначалник

                                                                                    на Општина Велес,

                                                                                    Аце Коцевски

 
   
   
   
   

Најново