Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

cevli fin

Еден потполно поинаков пристап за социјално дистанцирање во време на пандемијата од коронавирусот измислил романскиот чевлар од градот Клауза.

Идејата на Григор Лупа била да направи кожни чевли со број 75 за луѓето воопшто да немаат можност да се приближат премногу едни кон други.

„Гледаме на улиците како не се почитуваат мерките на дистанцирање“, вели Григор кој веќе 39 години произведува чевли.

„Отидов до продавница да купам нешто за градината. Немаше многу луѓе таму, но сите махинално се приближуваа едни кон други. Доколку двајца носат вакви чевли, тогаш ќе постои одалеченост од барем метар и половина кога ќе се сретнат лице во лице“, истакнал тој.

Досега има веќе 5 порачки, а го инспирирале токму чевлите кои ги правел за потребите на снимањето на еден филм.

Цената на ваквите чевли изнесува „само“ 100 евра.

 

 

 

SEMM baner MK

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново