Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

plejboj fin

Во екот на пандемијата со коронавирусот, Плејбој објави дека го гаси своето печатено издание, јавуваат американските медиуми. Поради хаосот кој настана во светот поради пандемијата, настанале потешкотии во работењето и Плејбој одлучил да го угасне своето печатено издание.

Од сега, напознатиот машки магазин, ќе постои само онлајн. Култниот магазин се повлекува од киосците 67 години откако беше создаден.

Магазинот го основа Хју Хефнер, кој почина пред три години.

Во 1953 година, Хефнер го заложил намештајот, зел хипотека и кредит од банка од 600 долари, собрал 8.000 долари од 45 инвеститори и го основал Плејбој.

Магазинот на почетокот требало да се вика Stag Party, но поради постоењето на магазин со слично име, Хефнер го одбрал името Плејбој.

Првиот Плејбој е објавен во декември 1953 година, а на насловната страна се нашла голата фотографија на Мерлин Монро од 1949 година, снимена за календар. Првенецот бил печатен во 70 илјади примероци, а продадени биле 54 илјади. Затоа Хју Хефнер во 1992 година, искеширал 75 илјади долари за да биде погребан покрај Мерлин Монро, иако, доколку ѝ се верува на Википедија, никогаш не ја запознал.

 

 

SEMM baner MK

banerduma

 

Duma Banner

ezgif.com video to gif1

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

С О О П Ш Т Е Н И Е  З А  Ј А В Н О С Т

           

Општина Велес ја информира јавноста дека, првото авионско тертирање против комарци ќе го изврши на ден 07 јуни (недела) 2020 год. во периодот од 05.00 до 06. 30 часот. Доколку временските услови не дозволуваат авионско прскање истото ќе се изврши наредниот ден, 08 јуни (понеделник) 2020 год.

Границата, на третирањето е: Езеро Младост, с. Отовица, месност Јарбош, по течението на Вардар од север од с. Башино село низ Велес, се до вливот на реката Бабуна и с. Горно Караслари. На запад границата започнува од населбата Превалец, преку населбата Керамидна кон фабриката „Киро Ќучук“ и с. Горно Оризари.

Со третирањето ќе биде опфатено целото градско и приградско подрачје, како и целото течение на реката Вардар на овој потег. И оваа година ќе се третира рекреативниот центар Езеро Младост со непосредната околина.

Се известуваат пчеларите во времето на третирање и 3-4 часа потоа да ги затворат кошниците со пчели, заради можноста од влијание на средството со кое се врши третирањето врз безбедноста на пчелните семејства.

 
   
   
   
   

Најново