Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

BrenaiBoba fin

Лепа Брена и Боба Живојиновиќ се во куќен карантин. Пејачката и нејзиниот сопруг пред недела дена пристигнале од Монако, каде поминале три дена.

Веднаш по доаѓањето во Србија тие ја измериле температурата за да проверат дали се заразени со коронавирусот. Иако резултатите се негативни, пејачката одлучила со сопругот да се затвори во домашна изолација 15 дена.

Фолк-ѕвездата ги повикала синовите Стефан и Виктор итно да се вратат во семејната куќа на Бежаниска коса и им забранила да излегуваат.

– Температурата на патниците ја следат на секој аеродром, така што ние сме сигурни за нашата здраствена состојба. Не треба да се крева паника, но треба да сме одговорни кон себе и кон другите. Вирусот се шири таму каде што не се сфаќа сериозно и каде што луѓето не се придржуваат на хигиенските услови и социјална култура – вели Брена и додава дека ја дезифенцирала целата куќа.

 

 

 

SEMM baner MK

banerduma

 

Duma Banner

ezgif.com video to gif1

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

С О О П Ш Т Е Н И Е  З А  Ј А В Н О С Т

           

Општина Велес ја информира јавноста дека, првото авионско тертирање против комарци ќе го изврши на ден 07 јуни (недела) 2020 год. во периодот од 05.00 до 06. 30 часот. Доколку временските услови не дозволуваат авионско прскање истото ќе се изврши наредниот ден, 08 јуни (понеделник) 2020 год.

Границата, на третирањето е: Езеро Младост, с. Отовица, месност Јарбош, по течението на Вардар од север од с. Башино село низ Велес, се до вливот на реката Бабуна и с. Горно Караслари. На запад границата започнува од населбата Превалец, преку населбата Керамидна кон фабриката „Киро Ќучук“ и с. Горно Оризари.

Со третирањето ќе биде опфатено целото градско и приградско подрачје, како и целото течение на реката Вардар на овој потег. И оваа година ќе се третира рекреативниот центар Езеро Младост со непосредната околина.

Се известуваат пчеларите во времето на третирање и 3-4 часа потоа да ги затворат кошниците со пчели, заради можноста од влијание на средството со кое се врши третирањето врз безбедноста на пчелните семејства.

 
   
   
   
   

Најново