Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

marvel fin

На годинешната Конвенција на стрипови „Комик-Кон” во Сан Диего, американското филмско студио Марвел најави нови 10 филмови.
Едно од поголемите изненадувања е тоа дека оскаровецот Махершала Али ќе го глуми Блејд – ловецот на вампири, кого во претходните неколку филма го глумеше Весли Снајпс.

Глумицата Натали Портман го потврди своето учество во четвртиот филм за Тор, со поднаслов – „Љубов и молња”. Ќе ја повтори улогата на Џејн Фостер, но овојпат обдарена со моќите на насловниот лик. Најавен е и филмот „Бесмртните” со Анџелина Џоли и Селма Хајек, како и првата филмувана приказна за азиско-американскиот суперхерој Шанг-Чи, кој во Марвеловите стрипови првпат се појави пред речиси 50 години.

Натаму, Марвел конечно објави и детали за долгоочекуваната „Црна вдовица” – Скарлет Јохансон како Наташа Романо, филм којшто е веќе во фаза на снимање.

 

E baner

web banner 300x250 Sinalco Duma

banerknigovodstvo

Најново