Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

italijanskigrad fin

Италијанскиот национален парк Чинкве Тере, со пет рибарски места на брегот на Лигурија, воведува казни од 50 до 2.500 евра за оние кои носат несоодветни чевли за качување по карпи.

Парично ќе бидат казнети сите туристи кои ќе носат сандали или апостолки.

Управата на Националниот парк Чинкве Тере почна кампања за јавно информирање чија цел е да ги предупреди туристите да не се качуваат по карпите во несоодветна облека.

Кампањата почна откако припадници на службата за спасување се пожалиле дека во последно време од шумските стази спасуваат лошо подготвени и несоодветно облечени посетители.

Секаде во околината ќе бидат поставени постери и летоци на кои ќе биде објавена висината на паричните казни, а на интернет страниците на кои заинтересираните ќе можат да купат карти за посета на пешачките патеки, ќе бидат објавени јасни предупредувања.

 

web banner 300x250 Sinalco Duma

banerknigovodstvo

E baner

Најново